Тиричмир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тиричмир
Тиричмир се наоѓа во Пакистан
Тиричмир
Местоположба во Пакистан
Надм. вис. 7.708 м 
33-та во светот
Истакнатост 3.098 м
30-та во светот
Заведена како ултра
Местоположба
Место  Пакистан
Венец Хиндукуш
Координати 36°15′15″ СГШ 71°50′36″ ИГД /  [1]
Искачување
Прво освојување 1950
Најлесна патека глечери/снег/мраз

Тиричмир (урду: ترچ میر) е највисоката планина во венецот Хиндукуш и највисока сво светот вон масивот Хималаи-Каракорум. Се наоѓа во покраината Хајбер Пахтунхва, Пакистан, недалеку од границата со Авганистан. Планината е прв пат искачена од норвешка експедиција во состав А. Нес, П. Квернберг, Х. Берг и Т. Стрејтер. Планината се издига над градот Читрал, но се гледа и од Авганистан.

Највисокото населено место по планината е Тирич во долината Мулхау, чие население говори ховарски јазик. Селаните работат како туристички водачи и носачи, но не одат до врвот на планината.

Име[уреди]

Постојат две претпоставки за потеклото на името „Тиричмир“. Според едната, ова значи „кралот на Тирич“, со тоа што Тирич е странична долина што се издава од долината Мулхау. Друга претпоставка дека е името да потекнува од ваханските зборови „тирич“ (сенка, темнина) и „мир“ (крал), т.е. „крал на темнината“, што може да се однесува на долгите сенки што ги фрла планината од страната на Вахан.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]