Теренгану

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Flag of Malaysia.svg
Држави и територии на Малезија
ترڠڬانو دار الإيما
Теренгану
登嘉楼
Flag of Terengganu Coat of arms of Terengganu
Знаме Грб
Мото: Islam Hadhari Terengganu Bestari
Химна: Химна на Теренгану
Местоположба на Terengganu
Главен град
(и кралска престолнина)
Куала Теренгану
Владеачка партија Barisan Nasional
 - Султан Султан Мизан Заинал Абидин1
 - Ментери Бесар Датук Ахмад Саид
Историја  
 - Британска контрола 1909 
 - Јапонска окупација 1942 
 - Влез во Малајската Федерација 1948 
Површина
 - Вкупно 12,955 km²
Население
 - 2007 пресметка 1,150,286[1]
 - Густина 83/km²
ИЧР  (2000) 0.807 (висок)
Повикувачки број 09
Поштенски број 20xxx до 24xxx
Автомоб. Таблички T
Портал: http://www.terengganu.gov.my
1 Избран како 13ти Крал на Малезија. Регентот од Теренгану (Pemangku Raja), Тенгку Мухамад Исмаил (единаесет годишна возраст) согосподари со тричлениот Изборен Совет (Majlis Penasihat Pemangku Raja) управуван од Раџа Тенгку Бадерулзаман (помалиот брат на Кралот)

Теренгану (џави: ترڠڬانو, порано спелувано како Тренгану или Трингану) е султанат и уставна држава на Малезиската Федерација. Државата е истотака позната и како Почесната Арапска Резиденција на Вербата ("Darul Iman"). Крајбрежниот град Куала Теренгану низ која тече истоимената Теренганска Река е најголемиот град и воедно седиште на султанатот.


Географија[уреди]

Теренгану е сместен на североисточниот дел на полуостровот Малаја, и на северозапад се граничи со Келантан, на југозапад со Паханг, и на исток со Јужното Кинеско Море. Неколкуте острови од кои Перхентијански Острови, Капас и Реданг, се дел од државата. Вкупната површина на Теренгану изнесува 12.955 km².

Демографија[уреди]

Теренгану има вкупно население од 1.080.286 (2006 попис), од кои Малајците се 94,7%[1] од населението, додека Кинезите, 2,6%[1],Индијците 0,2%[1] и другите со 2,4%[1]. Во 2000, само 48,7% од населенито живеело во урбатите центри; додека мнозинството било „рурално“[2]. Додела пописот во 2005 покажува дека 51% од вкупното население живее во урбаните средини, додека 49% во руралните[2]. Теренгану е поделен на административни дистрикти т.н. Daerah на малајски), од кои:

Јазик[уреди]

Народот на Теренгану генерално зборува на Теренгански малајски јазик, кој се разликува од стандардниот малајски и келантанески малајски , со исклучот на жителите од дистриктот Бесут и Перхентијанските Острови кои зборуваат келантанески.

Административна поделба[уреди]

Дистрикт Површина (km²) Население

(2006 попис)[1]

Седиште на Дистриктот Густина
Бесут 1.233 145.324 Кампунг Раџа 118
Дунгун 2.736 159.996 Куала Дунгун 58
Хулу Теренгану 3.874 73.912 Куала Беранг 19
Кемаман 2.536 174.876 Чукаи 69
Куала Теренгану 605 361.801 Куала Теренгану 598
Маранг 667 102.470 Маранг 154
Сетиу 1.304 61.907 Бандар Пермаисури 47



Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Terengganu Basic Data“ (на Malay). Malaysian Consensus Department. http://www.terengganu.gov.my/dan/penduduk_05.php. конс. 3 мај 2007. 
  2. 2,0 2,1 „Data Asas Negeri 2006“ (на Malay and English). Unit Perancang Ekonomi Negeri. 2006. http://www.terengganu.gov.my/dan/DAN2006/penduduk.php. конс. 6 јануари 2008. 

Надворешни врски[уреди]

Држави и федерални територии на Малезија Bandera de Malàisia
Држави: Kedah state fl n5143.PNG Кедах | Flag of Kelantan.svg Келантан | Flag of Malacca.svg Малака | Flag of Negeri Sembilan.svg Негери Сембилан | Flag of Pahang.svg Паханг | Flag of Perak.svg Перак | Flag of Penang (Malaysia).svg Пенанг | Flag of Perlis.svg Перлис | Flag of Sabah.svg Сабах | Flag of Sarawak.svg Саравак | Flag of Selangor.svg Селангор | Flag of Terengganu.svg Теренгану | Flag of Johor.svg Џохор
Федерални територии: Flag of Kuala Lumpur Malaysia.svg Куала Лумпур | Flag of Labuan.svg Лабуан | Flag of Putrajaya.png Путраџаја