Теодор Фуџита

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теодор Фуџита

Тетсуја Теодор Фуџита (1920-1998 год.) е јапонски метеоролог кој, со помош на својата сопруга и еден колега, изработил скала со шест различни сили на торнадото, која е наречена по неговото име. Прво го изучувал торнадото предизвикано од пожарите предизвикани како последица на експлозијата на атомската бомба во Втората светска војна. Се преселил во САД во почетокот на 50-тите години на 20 век и на Универзитетот во Чикаго продолжил со својата истражувачка работа проучувајќи ги тропските циклони.