Тантал (митологија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во старогрчката митологија Тантал бил син на Зевс, татко на Пелоп и Ниоба. Бил крал на Фригија и имал пристап меѓу боговите, но кога почнал да ги издава нивните тајни, а особено кога им го изнел сопствениот син Пелоп како јадење на трпезата, бил тешко казнет на вечни маки со жед и глад. Во долниот свет морал да стои во вода до грлото, но штом ќе се обидел да се напие, водата се повлекувала, а над главата му висело секакво овошје, но штом ќе се обидел да касне од него, тоа се повлекувало.
Таканаречени танталови маки претставуваат залуден копнеж по нешто што е сосем блиску, а сепак е недостижно.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |