Тадрарт Акакус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Локалитет на карпеста уметност
Тадрарт Акакус
*
Светско наследство на УНЕСКО

Сцена со жирафи и други животни на местото што денес е пустина
Држава Flag of Libya.svg Либија
Тип Културно
Критериуми iii[1]
Навод 287[1]
Регион** Арапски држави
Записно минато
Запис 1985[1]  (9-то заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.
Слики накарпи во Тадрарт Акакус
Карпеста образба во Тадрарт Акакус

Тадрарт Акакус (арапски: تدرارت أكاكوس) е пустинска област во западна Либија, дел од пустината Сахара. Се наоѓа недалеку од градот Гат. Зборот тадрарт значи „планина“ на локалниот јазик Тамахак. Местото е особено богато со разновидна праисториска карпеста уметност.

Акакус се одликува со мошне разнообразен пејзаж, од разнобојни песочни дини, до арки, клисури, карпи и планини. Поголеми атракции се и арките кај Афзеџаре и Тин Клега. Иако оваа област е меѓу најпустите во Сахара, тука сепак има вегетација како на пример калотрописот.

Областа е значајна заради нејзината карпеста уметност која се смета за Светско наследство на УНЕСКО уште од 1985 г. заради важноста на овие слики и резби. Сликите датираат од околу 12.000 п.н.е. - 100 н.е. и претставуваат одраз на културните и природните промени во регионот.[1] Тука има слики и резби со животни како жирафи, слонови, ноеви и камили, но и од луѓе и коњи. Луѓето се прикажани во различни животни ситуации, како на пример при музицирање и танц. [2] [3]


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Податоци за местото од УНЕСКО (англиски)
  2. EWP. Карта и водич низ Џебел Акакус [карта], I издание, 1:100,000, вметната карта 1:400,000. Туристички информации и информации за пештерната уметност.. Картографија: EWP. (2006) ISBN 0906227-933. (англиски)
  3. Фотогалерија на карпестата уметност од Адрарт Акакус (англиски)

Литература[уреди]

  • Minozzi S., Manzi G., Ricci F., di Lernia S. and Borgognini Tarli S.M. (2003) "Nonalimentary tooth use in prehistory: an Example from Early Holocene in Central Sahara (Uan Muhuggiag, Tadrart Acacus, Libya)" American Journal of Physical Anthropology 120: стр. 225-232;
  • Mattingly, D. (2000) "Twelve thousand years of human adaptation in Fezzan (Libyan Sahara)" in G. Barker, Graeme and Gilbertson, D.D. (уредници) The Archaeology of Drylands: Living at the Margin London, Routledge, стр. 160-79;
  • Cremaschi, Mauro and Di Lernia, Savino (1999) "Holocene Climatic Changes and Cultural Dynamics in the Libyan Sahara" African Archaeological Review 16(4): стр. 211-238;
  • Cremaschi, Mauro; Di Lernia, Savino; and Garcea, Elena A. A. (1998) "Some Insights on the Aterian in the Libyan Sahara: Chronology, Environment, and Archaeology" African Archaeological Review 15(4): стр. 261-286;
  • Cremaschi, Mauro and Di Lernia, Savino (eds.) (1998) Wadi Teshuinat: Palaeoenvironment and Prehistory in South-western Fezzan (Libyan Sahara) Florence, Insegna del Giglio;
  • Wasylikowa, K. (1992) "Holocene flora of the Tadrart Acacus area, SW Libya, based on plant macrofossils from Uan Muhuggiag and Ti-n-Torha Two Caves archaeological sites" Origini 16: стр .125-159;
  • Mori, F., (1960) Arte Preistorica del Sahara Libico Rome, De Luca;
  • Mori, F., (1965) Tadrart Acacus, Turin, Einaudi;

Надворешни врски[уреди]