Сундски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сундски
ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ Basa Sunda
Застапен во Индонезија
Подрачје Западна Јава, Бантен, Џакарта, делови од западна Централна Јава
Народ Сунди, Бадуј
Говорници 34 милиони  (2000)
Јазично семејство
Писмо латиница (денес)
пегон (верска)
сундско писмо (по избор)
Статус
Службен во Западна Јава (како регионален јазик)
Јазични кодови
ISO 639-1 su
ISO 639-2 sun
ISO 639-3 или:
sun — сундски
bac — бадујски

Сундскиот (Basa Sunda, со сундско писмо: ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ, букв. „јазик на Сундите“) е јазик од малајско-полинезиското семејство со околу 27 милиони говорници во западниот дел на Јава, што претставува 15% од населението на Индонезија.

Јазикот е поблизок на мадурскиот и малајскиот, а во подалечно сродство со јаванскиот. Има неколку дијалекти:

Пријанганскиот дијалект е најзастапен и се предава во основните училишта (нижи и виши паралелки) во Западна Јава и покраината Бантен.

Писмо[уреди]

Сундскиот може да се пишува на разни писма, од кои матични се сундското писмо и „пегон“-от (вид арабица) кој се употребувал порано, а денес наоѓа само верска употреба. Денес најзастапена е латиницата.

Фонологија[уреди]

Правописот на сундскиот јазик е мошне фонетски. Постојат пет самогласки: /ɑ/, é /ɛ/, i /i/, o /ɔ/, u /ʊ/, две полусамогласки; e /ə/ и eu /ɤ/ и 18 согласни фонеми што се транскрибираат со буквите p, b, t, d, k, g, c (изгов: /tʃ/), j, h, ng, ny /ɳ/, m, n, s /s/, w, l, r (трепетно или едноударно) и y /j/. Сепак, јазикот има 16 согласки, а останатите се странски гласови во заемки.

Честопати согласките што се јавуваат во заемки се одомаќинуваат во сундски согласки: f → p, v → p, sy → s, sh → s, z -> j и kh /x/ → h.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија, слободната енциклопедија на сундски јазик