Стојмир Стефаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојмир Стефаноски
Роден 1917 година
Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал 1944 година
Бошков Мост, близу Дебар, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Стојмир Кузманов Стефаноски ( 1917 во Србјани, Кичевско1944 во Бошков Мост, Дебарско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителното движење, во пролетта 1943 година бил опфатен од позадинските работници, а по кусо време стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Загинал во есента 1944 година кога бил смртно погоден во една борба со балистите кај Бошков Мост близу Дебар, што ја воделе борците од Групата баталјони.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 125.