Стојан Божиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Божиноски
Роден 1912 година
Кичево, Македонија
Починал февруари, 1944 година
Македонски Брод, Македонија
Националност Македонец

Стојан Миланов Божиноски ( 1912 во Кичево12 февруари 1944 во Барбарас, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште учел занаетчиска школа, а потоа работел како столар. Во месец април 1942 година бил осомничен од италијанските окупаторски власти и затворен во Кичево, а потоа бил однесен во затворот Порто Романо во Албанија. Во затворот имал можност да се запознае со комунисти напоени со револуционерни идеи за борба против фашистичкиот окупатор. По капитулацијата на фашистичка Италија, се вратил назад и се приклучил во Баталјонот „Мирче Ацев“, а потоа во Првата македонско - косовска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите на Богомила во зимата 1944 година. Во овие борби се истакнал како храбар борец и станал заменик командир на чета. По борбите кај Богомила во февруари 1944 година, се нашол во една отцепена група борци со која дошол во Македонски Брод каде бил фатен од бугарските војници и стрелан.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 46.