Стоил Антов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стоил Антов
Роден 1877
Секулица, Кратовско
Починал 16 март 1934
Софија

Стоил Антов (1877-1934) — македонски револуционер, и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Стоил Антов е роден во 1877 година во селото Секулица, Кратовско. Завршил педагошко училиште во Ќустендил, Бугарија. Учителствувал во Кратово, Крива Паланка и Одрин. Во 1900 година бил избран за раководител на околискиот комитет во Кратово. За време на Првата балканска војна, во 1912 година, бил уапсен во Одрин, и бил испратен во затворот во Измир, Мала Азија.

Починал во Софија, Бугарија на 16 март 1934 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11