Стив Манданда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франција Стив Манданда
Лични податоци
Полно име Стив Манданда[1]
Роден на 28 март 1985(1985-03-28)(39 г.)
Роден во Киншаса, ДР Конго
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Марсеј Олимпик Марсеј
Број 30
Младинска кариера
Ле Авр Ле Авр
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Ле Авр Ле Авр 67 (0)
2007- Марсеј Олимпик Марсеј 260 (0)
Репрезентација
2003-2006 Франција Франција 21 17 (0)
2008- Франција Франција 17 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 16 јануари 2012

Стив Манданда (роден на 28 март 1985) — француски фудбалер, голман на Олимпик Марсеј и француската репрезентација.

Во моментов тој исто така е капитен на својот клуб. Манданда ја претставувал Франција на три меѓународни турнири; Евро 2008, Светското првенство 2010 и Евро 2012.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ле Авр[уреди | уреди извор]

Манданда ја започнал својата кариера во екипата на Ле Авр за кој го направил своето деби во лигата во август 2005 година, и не примил гол сè до својот четврти натпревар. Тој одиграл 30 натпревари во сезоната 2005-06 и 37 во сезоната 2006-07, а со своите настапи го привлекол вниманието на други клубови. По неуспешниот пробен период во Астон Вила пред сезоната 2007-08 сезона,[2] тој му се приклучил на Марсеј во летото 2007 година.

Олимпик Марсеј[уреди | уреди извор]

На почетокот на неговата прва сезона со Марсеј, Манданда бил резерва на првиот избор Седрик Карасо. Сепак повредата на коленото ќе го извади Карасо надвор од акција за шест месеци, оставајќи го чист патот за Манданда да стане редовен чувар на голот на Марсеј. На 3 октомври 2007 година Манданда имал фантастичен настап во натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул на Енфилд помагајќи му на својот тим да победи со 1-0 благодарение на голот на Матје Валбуена.

На 5 март 2008 година, Манданда му се приклучил на Олимпик Марсеј на траен четиригодишен договор.

Во шампионската сезона 2009-10 во Лига 1 под водство на Дидје Дешан, Манданда одиграл 36 натпревари во кој на 13 успеал да ја сочува својата мрежа сува, одбранил еден пенал (против Ленс)[3] и заработил еден црвен картон (прв и единствен во неговата кариера).

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Манданда има одиграно 17 натпревари за француската репрезентација до 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 27 мај 2008 година, појавувајќи се како замена на полувремето на местото на Себастијан Фреј во победата со 2-0 над Еквадор во пријателски натпревар одигран во Гренобл.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Марсеј[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 5 June 2013.
  2. „France goalkeeper in Aston Villa trial“. Архивирано од изворникот на 2011-05-22. Посетено на 2014-10-13.
  3. Video:Mandanda save Demont penalty youtube