Спомен-музеј на Гоце Делчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-музеј на Гоце Делчев
Карта
Општи податоци
Видкуќа
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија

Спомен-музеј на Гоце Делчев — спомен-куќа посветена на великанот на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, која се наоѓа на ул. Стево Патако бр. 11.[1][2]

Отворање на музејот[уреди | уреди извор]

Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Главната негова цел при овој престој му беше да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓал во Битолскиот централен затвор.

Во 1987/88, по извршената темелна реконструкција на објектот и изработениот елаборат, по повод 85 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, на 4 мај 1988 година свечено била промовирана постојаната музејска поставка.[1]

Музејска поставка[уреди | уреди извор]

Поставката содржи две изложбени простории со вкупна површина од околу 37 м2 , од кои во првата просторија е сместена содржина „За животот и револуционерната дејност, на првоапостолот на македонското ослободително дело“. Во оваа просторија како континуитет на Гоцевата револуционерна дејност со бројни документи и фотографии прикажана е состојбата и настаните во Битолскиот револуционерен округ. Од бројните поместени експонати во оваа поставка значајно место зазема револверот подарен од Гоце Делчев на Михаил Ракиџиев, сопственик на куќата и член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ.

Во оваа поставка изложен е и оригинален експонат од 1905 година, (вез од ситни мониста во разни бои со претстава на еленче што пие вода), кое е посветено и подарено на Михаил Ракиџиев од затворениците кои за иста цел се наоѓаа со него во Централниот битолски затвор. Во составот на поставката, во соодветна просторија, поставена е витрина со симболите на револуционерната заклетва на Организацијата како и оружје од Илинденскиот период. Како составен дел на оваа музејска поставка, во собата во која престојувал Гоце Делчев и во која се одржувале состаноците, задржан е ентериерот со амбиентот во оригинална состојба. Исто така во оваа соба, за да се наслика автентичноста на времето, поместени се материјали од тие години.[1]

Денешна состојба[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, куќата музеј на Гоце Делчев била ограбена. Биле украдени редица експонати: пушкапушки, сабјасабји и турски јатагани од илинденскиот период.[3]

Во 2016 година спомен-куќата била затворена кога е повлечена и дотогашната музејска поставка заради нејзино обновување и осовременување, но најмногу заради лошата состојба на самиот објект.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „СПОМЕН-КУЌА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“. НУ Завод и музеј Битола. Посетено на 9 август 2021.
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. мкопен. Посетено на 9 август 2021.
  3. „Ограбена спомен-куќата на Гоце Делчев“. Вечер. 9 април 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 август 2021.
  4. „СПОМЕН КУЌАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БИТОЛА ЗАТВОРЕНА ВЕЌЕ ТРИ ГОДИНИ, НЕМА ДОВОЛНО ПАРИ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА“. СДК. 2 март 2019. Посетено на 9 август 2021.