Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6

Од Википедија — слободната енциклопедија
Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6
Поглед на објектот
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видцрковен имот
ГрадБитола
Земја Македонија
Завршена1903
Технички податоци
Катови2

Објект на Собранието на општина Битола — архитектонско обележје во градот Битола, заведен како Културно наследство на Македонија под називот Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 под реден број 10 во Битола.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 6. До него се наоѓа Објектот на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградена во 1903 година како сопственост на Свети Димитрија, катедралната црква на грчката Пелагониска епархија. Објектот се користел како административна зграда и бил даден на Францускиот конзулат во градот.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Архитектонскиот концепт на објектот е комбинација на станбена и јавна зграда. Нејзините архитектонски особености се чист француски неокласицизам - еден од најдобрите примери во Македонија. Јужната фасада е украсена со чисти класични форми со столбови дорски ред и балкон на катот во облик на колонада, кој образува отворена галерија. Фасадата е богато украсена со профилирања околу прозорците како и употреба на керамопластични украси во вид на розети над отворената галерија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитено културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 31 март 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Миновски, Никола, НУ Завод и Музеј - Битола. „Француски Конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 03 март 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)