Сократ Мојсов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сократ Мојсов
Лични податоци
Роден на 1 март 1942(1942-03-01)(82 г.)
Роден во Сетина, Егејска Македонија, Грција
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција Напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1958–1971 ФК Вардар 213 (67)
1971–1972 ФК Рен 23 (8)
Репрезентација
1964–1966 Југославија 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Сократ Мојсов (1 март 1942, Сетина) — поранешен македонски фудбалер. За репрезентацијата на Југославија настапил трипати. Важел за еден од најдобрите македонски играчи од југословенската ера (пред 1992). Забележлив бил по неговата способност за играње со глава и индивидуалните вештини со топка.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во Вардар како младинец, а брзо стигнал во сениорскиот тим. За Вардар одиграл 362 натпревари и постигнал 166 гола во сите натпреварувања.[1] Две години играл во Франција за ФК Рен, во Лига 1 [2] и се пензионирал во 1973 година.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

За сениорската репрезентација на Југославија дебитирал на пријателскиот натпревар против Бугарија во април 1964 година, вкупно настапил на 3 натпревари, без постигнати голови. Неговиот последен меѓународен настап биил пријателскиот натпревар против Советскиот Сојуз во септември 1966 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сократ Мојсов (profile) – FK Vardar (на македонски)
  2. Sokrat Mojsov (player profile) – Stade Rennais (на француски)
  3. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-04-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]