Фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
 СССР
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Црвена Армија
СојузФудбалска федерација на Советскиот Сојуз
Најмногу настапиОлег Блохин (112)
Најдобар стрелецОлег Блохин (42)
Домашен стадионЦентрален стадион Ленин (по 1956)
Стадион Динамо (пред 1956)
Стадион Воровски (пред 1928)
ФИФА кодURS
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
 СССР 3–0 Турција 
(Москва, Советски Сојуз; 16 ноември 1924)
Последен интернационален натпревар

 Кипар 0–3 СССР 
(Ларнака, Кипар; 13 ноември 1991)
Најголема победа
 СССР 11–1 Индија 
(Москва, Советски Сојуз; 16 септември 1955)
 Финска 0–10 СССР 
(Хелсинки, Финска; 15 август 1957)
Најлош пораз
 Англија 5–0 СССР 
(Лондон, Англија; 22 октомври 1958)
Светско првенство
Учества7 (Првпат во 1958)
Најдобар резултат4-то место, 1966
Европско Фудбалско Првенство
Учества6 (Првпат во во 1960)
Најдобар резултатШампион, во 1960

Фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз (руски: сбо́рная Сове́тского Сою́за по футбо́лу) — фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз.

По распадот на Советскиот Сојуз тимот ја претставувал Заедницата на независни држави (формално име за екипата која што го претставувала непостоечкиот Советски Сојуз). ФИФА ја смета фудбалската репрезентација на Заедницата на независни држави (потоа фудбалска репрезентација на Русија) како наследник на Советскиот Сојуз и сите негови резултати.[1] Сепак, голем процент од играчите на некогашниот репрезентација доаѓале надвор од Руската СФСР, главно од Украинската ССР, и по распадот на СССР, некои играчи од поранешната Украинска ССР како што е Андреј Канчелскис продолжиле да играат во новоформираниот руска репрезентација.

Советскиот Сојуз само двапати не успеал да се квалификува на Светските првенства, во 1974 и 1978 година, а учествувал на вкупно седум завршни турнири. Најдобар резултат на Светските првенства за СССР било освојувањето на четвртото место во 1966, кога во полуфиналето изгубиле со резултат 2:1 од Западна Германија. Советскиот Сојуз пет пати учествувал на Европските првенства, а го освоиле во 1960 година кога во финалето ја совладале репрезентацијата на Југославија со резултат 2:1. Го освоиле второто место во три наврати (1964, 1972 и 1988) и еднаш завршиле на четвртото место (1968), каде што по нерешениот натпревар со Италија во полуфиналето, по фрлање на паричка биле испратени да одиграат меч за трето место (каде што изгубиле од Англија). Репрезентацијата на СССР исто така освоила и два златни медали на Летните олимписки игри (1956 и 1988 година) како и три бронзени медали (во 1972, 1976 и 1980)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA“. Архивирано од изворникот на 2008-07-01. Посетено на 2014-07-20.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Меѓународен фудбал

ФИФА | Светско првентсво | Куп на конфедерации | У-20 Светско првенство | У-17 Светско првенство | Летни олимписки игри | Азиски игри | Сеафрикански игри | Панамерикански игри | Островски игри | Светско рангирање | Играч на годината | Екипи | Кодови

     Азија: АФЦАзиски купУ-22У-19У-16У-14
     Африка: ЦАФАфрикански куп на нациите
     Северна Америка: КОНКАКАФЗлатен куп
     Јужна Америка: КОНМЕБОЛКопа Америка
     Океанија: ОФЦКуп на нациите
     Ервопа: УЕФАЕвропско првенство
     Вон-ФИФА: N.F.-Board
ВИВА светски куп