Славчо Деловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славчо Деловски
Роден 1923 година
Велес, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 6 април 1944 година
Почивалиште Градските гробишта во Скопје

Славчо Деловски ( 1923 во Велес6 април 1944)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Од Велес се доселил во Скопје и живеел во Црниче, каде дејствувал во силна партиска ќелија. Како напреден младинец бргу се поврзал и се вклучил во илегалната борба против бугарскиот фашистички окупатор. Во 1943 година бил примен во редовите на КПЈ. Развил широка политичка дејност кај младината и придобил нови приврзаници за оружената борба против окупаторот. Учествувал во растурање летоци, во кои се осудувал окупаторот и се објаснувале целите и успесите на Народноослободнтелното движење. Организирал собирање на материјали и парична помош, што се испраќала на партизаните и илегалците што работеле во Скопје.[1]

На 3 март 1944 година заминал во веќе прославената Трета македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите на Црна Трава, Ристовац, Пробиштип и Црн Врв. Загинал во борбите против бугарските фашистички сили, на 6 април 1944 година. Неговите останки биле погребани на скопските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 50. На |first= му недостасува |last= (help)