Славка Манева
Славка Манева (Скопје, 2 февруари 1934 - Скопје, 8 јануари 2010[1]) беше македонска писателка.
Биографија [уреди]
Родена во Скопје на 2 февруари 1934. Завришила студии по книжевност на скопскиот Филосовски факултет. Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Пишува поезија и проза за деца подолг период. Досега се објавени книгите: *„Свирипиле“,
- „Џиџа“,
- „Камчето на сакањето“,
- „Волшебниот лифт“,
- „Готварски сказни“,
- „Виножитото што пее“,
- „Од дедо Марковото торбуле“,
- „Приказни без крај“,
- „Куќата на божилакот“.
Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ печатени се книгите „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Има подготвено и преведено антологија на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеке антологиски избори кај нас. За книгата сказни „Ѕвездени перничиња“ добитник е на награда „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија. Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година[2].
Творештво [уреди]
- Свирипиле
- Џиџ
- Камчето на сакањето
- Волшебниот лифт
- Готварски сказни
- Виножитото што пее
- Од дедо Марковото торбуле
- Приказни без крај
- Куќата на божилакот
Наводи [уреди]
- ↑ „Последен збор Славка Манева“, Утрински Весник, 9 јануари 2010 (проверено на 2010-01-10). (на македонски)
- ↑ „Последен збор Славка Манева“, Утрински Весник, 9 јануари 2010 (проверено на 2010-01-10). (на македонски)