Симург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сребрена плоча со слика на симург, потекнува од 7 или 8 век

Симург или Симорг (персиски: سیمرغ), во Македонија се изговара и Семиург, е познат и како Анга (персиски: عنقا). Ова е современо персиско име за чудесното, добронамерно, крилесто митско суштество. Претставите на Симург се среќаваат во сите периоди на величествената иранска уметност и литература, а се среќава и во иконографијата на средновековна Ерменија, Византија и други региони под влијание на иранската култура.

Името потекнува од средноперсискиот пахлевиски Сенмурв, (Senmurv, Sēnmurw (или изворно Sēnmuruγ). Средноперсиското име најверојатно има корени во Авеста со значење „птицата Саена“ (mərəγō Saēnō), односно во оригинал грабливец, како орел, сокол или јастреб. Се претпоставува дека името има корени во санскрит каде саена (санскрит: śyenaḥ) значи „грабливец“ и се смета за божествен лик. Саена, исто така, е лично име кое потекнува од името на птицата.

Постојат претпоставки за поврзаност меѓу Симург и словенскиот бог Симаргл.