Селевкидска империја

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Селевкидска Империја)
Прејди на: содржини, барај
Поделба на Македонската Империја, формирана од Александар Македонски.
  Кралство на Птоломеј I Сотир
  Кралство на Касандар
  Кралство на Лизимах
  Кралство на Селевк
Други држави
  Рим

Селевкидската империја (312 п.н.е. - 63 п.н.е.) било империја во античкото време, т.е. едно од империите-наследнички на Македонската империја на Александар III Македонски. Ја основал Селевк I Победникот, еден од генералите на Александар Македонски. Селевкидската Империја била главно сместена на Блискиот Исток, на врвот од својата моќ ги вклучувала Анадолија, Левант, Месопотамија, Персија, денешен Туркменистан, планините Памир и делови од Пакистан. Била важен центар на хеленистичката култура во кој доминирале античките Македонци, претежно во урбаните средини.[1]

Селевкидската империја се распаднала во 63 година п.н.е. кога конечно било победено и освоена од страна на Римјаните.

Дијадосите се расправале околу надмоќта врз деловите од империјата на Александар Македонски. Птоломеј I Сотер, генералот и сатрапот на Египет, бил првиот кој го предизвикал новиот систем: ова довело до откажување од престолот на Пердика. Револтот на Птоломеј довел до нова поделба на империјата тн. Трипарадиската поделба во 320 п.н.е. Селевк како главен војсководец под Пердика уште од 323 п.н.е. (подоцна помогнал во убиството на Пердика) го добил Вавилон и оттогаш натаму започнал безмилосно да ги проширува своите територии. Селевк се зацврстил во Вавилон во 312 п.н.е., годината што е земена како основачки датум на Селевкидската иперија. Тој не владеел само со Вавилон, ами и со целиот огромен источен дел на Александровата империја:

„Секогаш ги демнел соседните народи, воено силен и убедлив во советот, тој ги освои Месопотамија, Ерменија, Селевкидска Кападокија, Персија, Партското царство, Бактрија, Арабија, Тапурија, Согдијана, Арахосија, Хирканија и други соседни народи кои беа освоени од Александар, се до реката Инд, па на тој начин границите на неговата империја беа најмногу проширени во Азија, по оние од Александар. Целиот регион од Фригија до Инд беше потчинет од Селевк“ - Апијан, „Сириските војни“.

Наводи[уреди]

  1. Britannica, Seleucid kingdom, 2008, O.Ed.