Сејдилија

Координати: 41°45′45″N 22°20′41″E / 41.76250° СГШ; 22.34472° ИГД / 41.76250; 22.34472
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Севделија)
Сејдилија
Севделија

Поглед на местото на некогашното село

Сејдилија во рамките на Македонија
Сејдилија
Местоположба на Сејдилија во Македонија
Сејдилија на карта

Карта

Координати 41°45′45″N 22°20′41″E / 41.76250° СГШ; 22.34472° ИГД / 41.76250; 22.34472
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 816 м
Сејдилија на општинската карта

Атарот на Сејдилија во рамките на општината
Сејдилија на Ризницата

Сејдилија (познато и како Севделија[2]) — историско село во областа Јуруклак, денес во атарот на селото Оџалија, Општина Карбинци, Македонија. Денес, во месноста има пасишта.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Јуруклак, на северозападните ограноци на планината Плачковица, во денешниот атар на селото Оџалија. Под местото на север поминува Козјачка Река, месно позната како Коџа Дере.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Сејдилија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сејдили имало 50 жители, сите Турци.[3]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото (Сејдиллиј) живееле 86 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Турци.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Севделија (Сејдилија — GeoNames) — GeoNames
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]