Сала на огледалата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Огледалната галерија во Версај

Галерија на огледала е пространа барокна галерија во дворецот во Версај. Била изградена во XVII век, како блескава претставителна просторија на кралот Луј XIV. Била наменета да ги импресионира посетителите на овој апсолутен монарх. Долга е 73 метри, широка 10,5 метри, со 17 големи прозорци од едната страна и 578 огледала од друга страна. Галеријата на огледалата е дизајнирана од архитектот Жил Ардуен Мансар. Работите на неа се одвивале од 1678 до 1684 година.

Огледалната галерија ги комбинира салоните на војната и мирот. Огледалата биле наместени во 1665 година. Шарл Лебрен насликал повеќе од 1000 м2 тавани, со 30 големи композиции. Понекогаш оваа галерија била украсувана со сребрен мебел.

Историски карактер[уреди | уреди извор]

Галеријата на огледала е прославена по свадбата на кралот Луј XVI и Марија Антоанета во 1770 година. На 18 јануари 1870 година тука била прогласена Германското Царство и бил крунисан царот Вилхелм. Со потпишувањето на Версајскиот договор во Огледалната галерија на 28 јуни 1919 година завршила Првата светска војна.