Роберт Болт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Болт
Роден/а15 август 1924(1924-08-15)
Сејл, Чешир, Англија
Починат/а20 февруари 1995(1995-02-20) (возр. 70)
Чичестер, Сасекс, Англија
Значајни дела
  • Сценарија
  • Лоренс од Арабија (1962)
  • Доктор Живаго (1965)
  • Човек за сите времиња (1966)
  • Рајановата ќерка (1970)
  • Мисија (1986)
  • Драми
  • Човек за сите времиња (1960)
  • Vivat! Vivat Regina! (1971)
Деца4

Роберт Окстон Болт (англиски: Robert Oxton Bolt; 15 август 1924 – 20 февруари 1995) ― англиски драматург и сценарист. Добил два Оскара за најдобро адаптирано сценарио за филмовите Доктор Живаго и Човек за сите времиња, а го напишал и сценариото за Лоренс од Арабија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роберт Окстон Болт е роден на 15 август 1924 година во Сејл, Чешир.[1] За време на Втората светска војна служел во воздухопловните сили. По војната се вратил на Универзитетот во Манчестер каде дипломирал историја.[2] По ова, се стекнал со диплома по педагогија на Универзитетот во Ексетер.[3] Долги години предавал англиски и историја во школото Милфилд и на 33-годишна возраст целосно се посветил на пишувањето. Неговата прва драма „Расцутената цреша“ била поставена во Лондон во 1958 година.

Бил забележан откако ја објавил неговата драма „Човек за сите времиња“ во која се обрабутува на судирот на Томас Мор со кралот Хенри VIII поради неговиот развод со Катерина Арагонска. Претставата била исклучително популарна низ театарите во Англија (во лондонскиот театар Хејмаркет, оваа претстава била распродадена повеќе од 400 пати), а потоа била поставена на Бродвеј.

Успехот на претставата на Бродвеј го привлекла вниманието на холивудскиот филмски продуцент Сем Шпигел, добитник на Оскар, кој го поканил Роберт Болт да го „преработи“ сценариото од Мајкл Вилсон за филмот за легендарниот англиски разузнавач и авантурист Томас Едвард Лоренс. Филмот „Лоренс од Арабија“ (режиран од Дејвид Лин) објавен во 1962 година, на Роберт Болт најпрво му донел престижната филмска награда на Британската академија - БАФТА, а потоа и номинација за Оскар за најдобро адаптирано сценарио. И покрај жестоките расправии зад сцената помеѓу Вилсон и Болт за тоа кој со што придонел за сценариото, филмските критичари (според режисерот Дејвид Лин и филмскиот продуцент Сем Шпигел) забележале дека најголемиот дел од дијалозите на филмот и интерпретацијата на ликовите биле придонесени од Роберт Болт, а Вилсон придонел со историски факти и заплетот.

Следното дело на Болт за режисерот Дејвид Лин било адаптираното сценарио за филмот Доктор Живаго според романот од Борис Пастернак. Баунти бил прв проект на Болт по мозочниот удар, кој влијаел не само на неговото движење, туку и на неговиот говор. Мисија бил последен филмски проект на Болт и тој уште еднаш ги претставил неговите тематски преокупации, овојпат со Језуитите од 18 век во Јужна Америка.

Последното продуцирано сценарио на Болт било Политички ѕвер, подоцна снимен во ТВ-филмот Без предупредување: Приказна за Џејмс Брејди (1991), за обидот за убиство на Роналд Реган и борбата на неговиот прес-секретар Џејмс Брејди да се опорави од речиси фатална повреда од огнено оружје.

Болт во 1979 година доживеал срцев и мозочен удар по кој останал парализиран. Починал по долго боледување на 70-годишна возраст во 1995 година, во Петерсфилд, Хемпшир, Англија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A Man For All Seasons by Robert Bolt, Leonard Smith, Macmillan Master Guides, 1985, p. 3
  2. A Man For All Seasons by Robert Bolt, Leonard Smith, Macmillan Master Guides, 1985, p. 4
  3. Robert Bolt: Scenes from Two Lives, Adrian Turner, Hutchinson, 1998, p. 66
  4. „OBITUARY : Robert Bolt“. The Independent (англиски). 2011-10-22. Посетено на 2021-01-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]