Разговор со корисник:SmartM&M/Архива3

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, SmartM&M/Архива3!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:15, 23 јануари 2009 (UTC)

ВикиПроект Вселена[уреди извор]

Здраво, Макс. Ти благодарам за убавите зборови. Деновиве имам размислувано за тоа. Уште за прв пат кога го видов ВикиПроектот Астрономски објекти се зачудив зошто не се вика Астрономија, но откако видов дека тоа мора да се наведе и на корисничката страница на ботот ми стана јасно. Знам дека е добро да има ВикиПроект Вселена, но не знам каква ќе биде поврзаноста со другите поврзани ВикиПроекти. Јас планирав да уредам и ВикиПроект Астрономија, кој ќе биде одличен за престојните активности. Но, добро, доколку има голем ентузијазам нека има повеќе ВикиПроекти поврзани со оваа област. Може да има дури и ВикиПроект Сончев систем ако тоа биде од корист. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:41, 23 јануари 2009 (UTC)

Се согласувам! Уште еднаш БРАВО за добрата работа! --Макс(разговор) 21:44, 23 јануари 2009 (UTC)

Унифицирана сметка на сите јазични изданија на Википедија[уреди извор]

Здраво, Макс. Ќе одиш во најгорниот дел од екранот и ќе видиш линк до секцијата мои нагодувања, десно од мои разговори. Ќе одиш тами и ќе прочиташ основни податоци за тебе. Ќе кликнеш таму на глобална корисничка сметка, ОК е и ќе ти се направин корисничка сметка на сите јазични изданија на Википедија, но не и на другите Мета проекти, за тоа треба одделно. А, тоа што ти вика дека има друг со тоа име, тоа си ти, само што не си ја активирал на другите јазични изданија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:27, 25 јануари 2009 (UTC)


За сликите[уреди извор]

Здраво, Макс. Ти слободно користи си ја категоријата Самрак (серијал романи), а за сликите не знам што да ти кажам. Знам за тој проблем, но сепак ти продолжи да ги подигнуваш на разницита, но провери нешто да не имаш оставено празно, бидејќи тие бараат сѐ да е пополнето. Ако, не па види кој ти ја изришал и прашај го зошто го направил тоа. Така со директен контакт би требало да гио решиш проблемот. Поздрав и успешна работа со филмовите.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:43, 27 јануари 2009 (UTC)

Коментар и совет[уреди извор]

Незнам која беше намерата кога рече ...верувале или не од MacedonianBoy. Лош впечаток ми остави но нема врска. Совет, кога ќе се логираш еднаш на Википедија штиклирај го квадратчето кое вели Запомни ме за повеќе сесии или така нешто беше. Со тоа нема потреба од повторно најавување, ќе те памти компјутерот се додека не го избришеш кешот. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 21:39, 28 јануари 2009 (UTC)

За филм[уреди извор]

Да те замолам нешто, бидејќи филмовите ти се фах, провери ја статијата што ја направив пред некој ден Очи широко затворени (ми се свиѓа филмот, па затоа ја скоцкав) :). Се појавува некој шаблон најдолу што не знам што е, и некои категории фалат... можеби имаме соодветни, ама не најдов. Поздрав. Виолетова (разговор) 14:48, 31 јануари 2009 (UTC)

ОК, фала многу :) Виолетова (разговор) 22:26, 31 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, SmartM&M/Архива3!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:43, 1 февруари 2009 (UTC)

Ја уредив малку страната за Кирил Лазаров и провери дали е добра. Поздрав

"Вадење на категории"[уреди извор]

Може ли да објасните зошто ги бришете постоечките категории без да додадете нови? Да напоменам дека категоризирањето на статиите е фундаментална функционалност.--brest (разговор) 18:20, 9 февруари 2009 (UTC)

Јас не сакам да навлегувам во тоа дали статиите се добро категоризирани или не. Но доколку сметате дека категоризацијата на некоја статија не е соодветна а не можете соодветно да ја категоризирате, тогаш би ви предложил да додадете нова категорија од типот: Филмски статии кои треба правилно да се категоризираат или нешто слично. Исто така може да го оспорите начинот на категоризирање на соодветната страница за разговор со соодветно образложение зошто сметате така. Во секој случај, се само не оставање на статија без категории а претходно имала барем една категорија.--brest (разговор) 18:36, 9 февруари 2009 (UTC)
ОК, се надевам дека правилно ме свативте. Само продолжете со вашата ценета работа. Поздрав.--brest (разговор) 18:50, 9 февруари 2009 (UTC)

Изгледа до сега не се разбравме добро. Неприфатливо е, за статија (нека е и никулец) каде што во воведот пишува дека е Американска телевизиска серија (видете ваши последни уредувања, пример во статија Нејви), да се брише Категорија:Американски телевизиски серии и да се остави некатегоризирана или само со општа категорија Категорија:ТВ никулци која ја генерира шаблонот {{ТВ-никулец}}. Согласно со ова барам од вас да се подобрите и да ги корегирате направените измени. Во спротивно ќе бидете блокирани.--brest (разговор) 16:16, 10 февруари 2009 (UTC)

Македонска транскрипција на странски имиња[уреди извор]

Здраво, Макс. Како што забележувам добро испаднало. Знам дека пишуваш многу статии за филмови, па сепак и покрај преводот при ти препорачал да има пренасочување од оригиналниот наслов на латиница. Сепак има некои кои го знаат и ќе го бараат во оригинал. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:10, 9 февруари 2009 (UTC)

Здраво, Макс. Не само тоа. И порталот 500 статии започна со брзо темпо да се полни со статии, па одеднаш престана. Нопви статии веќе не се уредуваат, а тоа е многу послабо од претходно. Јас разговарав и со МБ за работа на неделата, па планирам тоа да го отворам во портал иде. тоа би било еден вид на специјализација за работа на одредена тема аз педриод од една недела. Ние ги предложуваме темите и потребно ќе биде барем тројца пријавени доброволци да има за да се избере тема. Но, сепак ќе го преложам ова во иде, па ќе прочиташ подетално, а и во селската чешма ќе отворам дискусија за ВикиПроектите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:30, 10 февруари 2009 (UTC)

Шаблон: Внимание[уреди извор]

Здраво Макс. Сакам да искоментирам за шаблонот внимание што го ставаш, те молам не го ставај на статии што се мали но сепак се викифицирани, категоризирани и имаат вики врски. Ставај го шаблонот на статии што немаат вакви крупни работи. Забележав си ставал шаблон на статии што немаат потреба од ваков шаблон. Поздрав--MacedonianBoy 16:30, 10 февруари 2009 (UTC)

Хари Потер и каменот на мудроста (филм)[уреди извор]

Статијата е супер, токму за во порталот. Секоја чест и продолжи да прошируваш или да уредиш нови квалитетни статии (од било која област). Имаше мал проблем со референците, но го поправив. Сепак, најважното е тоа што статијата веќе беше доволно добра и пред покренувањето на иницијативата, а во листата се бараат статии кои биле длабоко проширувани по покренувањето на иницијативата, а не само статии на кои им е вршена мала рецензија и поправка. Но, сепак добро е. За почеток ни требаат статии, па нека стои, а и не заборавај да го смениш бројот на статии во секцијата филм и вкупниот број на статии. Инаку гледам дека воп последниве неколку денови имаш одлични уредувања за филмови, па би можел да средиш уште нешто. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:55, 14 февруари 2009 (UTC)

За шаблоните[уреди извор]

Здраво, Макс. Проблемот со инфокутијата книга е што нашиот шаблон е документиран според оној на англиската. Впрочем на ниту едно друго јазично издание овој шаблон не е документиран да има боја, но сепак на руското и француското се појавува светлосиа односно темносина. Ова ме потсетува на проблемот што се појави со инфокутијата знаме, па моравме поново да го уредиме и документираме шаблонот. Јас не ти препорачувам да го правиш тоа, но проблеми во документацијата нема, па реално тоа би било решен ието за да би можело да има повторно боја. За навигациониот шаблон има малце поголем проблем. Не можам да ти тврдам дали треба да биде „од“ или „во“, бидејќи ќе ми бидејќи сега немам многу време, но вечерва ќе разгледам и ќе ти пишам. Инаку за тоа време, ти сепак разгледај ги останатите шаблони, како Шаблон:Романгд, бидејќи мислам дека ќе ти помогнат. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:27, 16 февруари 2009 (UTC)

Кат:Американски телевизиски серии[уреди извор]

Здраво, Макс! Можеш ли да ми објасниш зошто ја испразни Категорија:Американски телевизиски серии и зошто ги избриша интервики врските и категоријата на самата категорија? Поздрав, Brainmachinewtf? 20:31, 16 февруари 2009 (UTC)

Имаш право за едно, ме збуни малку описот - точно дека ги додаде интервикијата, но сепак вториот дел го погодив: ти ги отстрани категориите (како на пример Категорија:Американски телевизиски програми по жанр). Ќе ти кажам дека тоа е лоша практика: и Кат:Американски телевизиски серии мора да води до некоја категорија - не може да стои сама од себе - тогаш како ќе биде таа пронајдена? Скриената категорија Категорија:Категории за распределување стои само за одржување - таа не ја многу категоризира Категорија:Американски телевизиски серии за читателот кој ќе се обиде да пронајде статии за американски телевизиски серии. А за испразнувањето на самата категорија од статии: ти ги разбирам намерите и сфаќам дека сакаш да не стане преголема категоријата. Но, кога веќе си се одлучил да ги распределиш статиите во една категорија во повеќе поткатегории - стори го тоа - категоризирај ги во поткатегории кои водат до истата категорија. Но во никој случај не прави го тоа што ти го направи: не ја целосно празни категоријата од статиите. И уште нешто: коментари од типот „Само колку да не бидат некатегоризирани статиите правите друга категорија за да не забележам јас! Што се свртивте против мене! Бог да чува!“ се сосема непотребни - никој не ти мисли лошо и никој не е свртен против тебе; настанала само една невина грешка при создавањето на категориите. Сега ќе можеш ли да ја рекатегоризираш Категорија:Американски телевизиски серии со поткатегории во кои ќе има статии, слично како en:Category:American television series? --Brainmachinewtf? 16:04, 17 февруари 2009 (UTC)

Мултимедијална содржина на главната страница[уреди извор]

Гласањето во Портал/Идеи за избрана мултимедијална содржина на денот на главната страница заврши во предвидениот рок, со 10 гласа За , ниту еден против или воздржан глас. Соодветните измени на главната страница се направени, така да сега нашата главна страница како што можете да забележите е збогатена и со оваа содржина, благодарност до Bjankuloski06 кој активно работи на commons за да имаме извонредни преводи на описот на содржините во оваа секција, благодарност за вашата подршка на оваа идеја. Можете да помогнете со превод на соодветните страници на Commons:Медија на денот. Поздрав. --brest (разговор) 20:47, 16 февруари 2009 (UTC)

Известување[уреди извор]

Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 09:00, 20 февруари 2009 (UTC)

Имиња на статиите[уреди извор]

Го видов твојот избор на тоа како да бидат именувани некои статии, и моето мислење е дека за Оскарите најдобро е да биде 81 доделување на Оскарите, некако тоа со церемонија преголемо ми изгледа. Јас само за тоа можам да дадам предлог бидејќи најдобро ми изгледа. Поздрав. Корисник:ESC 23:09, 28 февруари 2009 (UTC)

Едни анонимни уредувања...[уреди извор]

Да ти раскажам една приказна. Таа започнува со едно дете кое седи пред компјутер во Скопје, поврзан со интернет преку DSL конекција на Македонски Телекомуникации и има IP адреса некаде во реонот од 77.28.0.0 до 77.29.255.255. Да речеме дека ова е премногу широко, но види: и ти си од Скопје, зар не? Ок, продолжувам понатаму. Тоа дете седи на сајтот на Википедија и ја прави оваа промена во 17:59, внесувајќи го коментарот, цитирам: „Не тргајте го шаблонот за внимание бидејќи очигледно е дека статијата не ги подржува стандардите за квалитет. Дури и самиот наслов е за никаде“. И става шаблон {{Внимание}} во статијата. Што ни кажува ова: 1) уредувачот знае како се оставаат коментари; 2) уредувачот ги познава шаблоните на овој проект; 3) уредувачот ги познава „стандардите за квалитет“. Некој би рекол, ова личи на некој искусен човек, зар не? Кога сме кај шаблонот {{Внимание}}, интересна работа е што и ти доста често го употребуваш тој шаблон, како на пример овде, овде, овде, овде, овде и на многу други места, да не ги набројувам сите. Ок, многумина го користат тој шаблон и многумина имаат искуство на Википедија. Значи не велам ништо, така? Потоа тоа дете... но што сум јас запнал со дете? Потоа тој анонимен уредувач направи уште едно уредување овде во 18:01 (2 минути подоцна). Потоа уште едно уредување овде во 18:09, додаден шаблон {{Лингвистика}}. Знаеш што ми е интересно? Коментарите кои ги остава при уредувањата. „Самоооооооооо сееееееееееекс.“, „Мали промени.“. Секогаш става точка на крајот од описот. Иако никој не го прави тоа, оти тоа не се реченици кои мора да завршуваат со точка. Сосема идентично со твоите описи при промените. Од последното негово/нејзино уредување дефинитивно заклучувам дека е придонесувач со долго искуство на овој проект и дека е добро запознат со насловите на статиите за телевизиските серии. Ти уредуваше телевизиски серии, така? А и доста долго си овде. Хм.. интересни коинциденции! Некој дури би рекол и дека ти си тој анонимец. Но јас не го велам тоа, тоа би било само претпоставка, нели? По последното уредување на 77.29.6.118, следната промена на викито е две минути подоцна (18:19) од твоја страна, преместување на една страница. Си знаел ли дека ненајавените корисници не можат да преместуваат страници? Замисли си и со таа функција колку добро би направил овој анонимен корисник на овој проект. Но едно не ми се допаѓа: фактот дека тој анонимен корисник е незрел и прост, а тоа се докажува со коментарите од овој тип: „пичкииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии, вандализаааааааааам. хахахах!“. Кога само би дознале кој е овој анонимен корисник... Ах, да! Има една постапка, се нарекува CheckUser. Таа проверува, меѓу другото, и кои IP адреси ги користи една корисничка сметка. Се прашувам што резултат би добиле кога би направиле еден CheckUser на таа IP адреса... можеби ќе испадне и некое корисничко име, нели? Да ја направиме ли проверката, или да се надеваме дека нема да се врати тој мистериозен десперадо кој прави брилијантни поправки и остава вулгарни коментари? Што велиш ти? Brainmachinewtf? 19:00, 6 март 2009 (UTC)

Здраво, Зоки тотално си во право за се ова и јас го имам забележано. Но да те потсетам на една мината случка. Беше минатото лето кога на МОЕ име беше подигната една слика за Бритни Спирс и еден текст пишуван од мое име (сликата беше целосно несоодветна за Википедијата а за текстот да не збориме). Значи не од моја IP адреса туку од мое корисничко име. Прво да ти давам рака за тоа како убаво си ја пресметал целава ситуација како прав детектив, и да ја провериш адресата ќе покажува на мое име, но јас од неодамна дознав за овие несоодветни промени. Прво видов дека промените не се всушност вандализам туку едноставно добродушни но со вулгарни коментари. Можам да почнам да пишувам текст и да те лажам и да зборувам 300 работи за тоа како не сум јас или да признаам дека сум јас, но за жал тоа не е точно. Еве го соодветното објаснување. Ова е мој „другар“. Тој уште од кога си направи своја корисничка сметка но повеќе не ја користи бидејќи му беше многу комплицирано, затоа од тогаш јас го „подучувам“ како се работи на Википедијава. До сега сигурно си забележил дека јас сум перфекциониста и дека секогаш ставам точки, секогаш барам статијата да биде на врвот на квалитетот па затоа на секоја втора статија ставам соодветни шаблони за внимание итн. Затоа прво што му објаснив е дека ЈАС лично многу мразам описи од типот + или пак само нешто напишано без интерпукција. Е, сега како што го споменав горниот случај со статијата за Бритни Спирс и овие твои наведени случаии се негово дело. Прво, вчера требаше да искачаме и тој дојде кај мене малку порано за да поседиме малку и подоцна да излземе и во тоа време му покажував некои работи на Википедијава. Неколку минути излегов од собата да се јавам на телефон и тој во истиот момент како анонимен корисник променил нешто во статијата за епизоди од Очајни Домаќинки. Се преставил како анонимен бидејќи го предупредив повеќе да не прави промени на мое име како што направи со Бритни, дури и да се добродушни. Веднаш потоа ја направил и промената кај Списокот за странски серии но со вулгарен коментар, сакајќи да види што ќе се случи. Од пред некој ден јас исто така уредувам статии поврзани со лингвистика и учебникот по Македонски секогаш ми е пред компјутер бидејќи ми е потребен да проверам за превод на некои стручни термини кои ги нема во речник, тогаш страната беше отворена токму на Фонологија (јас сум прва година и можеш да провериш дека баш за тоа учам) и тој почнал да ја прави промената но на пола промена јас веќе се вратив му помогнав со промента и оставив нормален коментар. Потоа некако дојдовме до статијата за телевизијата Пинк и ги направивме промените и стиснавме на „зачувај страница“ и кога се појави предупредувачката прозорче кое кажува дека мора да се остави опис на страната, му реков тој да напише нешто на кратко дека мене ме мрзи. Јас во тој момент се истегнував и некако не забележив дека тој напишал вулгарен коментар и така зачувал. Потоа веднаш забелжив дека не сум ни уклучен и прашав зошто пишуваме како анонимни и тој ми призна се. Му реков дека не треба така да прави и готово, бидејќи не нешто трагично. Потоа видов во Скорешните промени за коментарите и веднаш влегов во страната за Странски серии бидејќи таму имаше таков вулгарен коментар и видов за промената и почнав да ја разгледувам листата наидов на Смолвил, ми текна да ја преместам и ја премстив. Потоа престанавме да работиме и тоа е тоа. Те молам да ми веруваш не знаев дека ова е толку сериозно, стварно. Не би го ризикувал мојот „стауст“ на Википедијава, навистина ти кажувам. Еве види ги и ова уредување за геј луѓето. Тоа е исто така направено од негова страна, исто кога беше кај мене пред некој ден. И пред ова има мноооогу други уредувања кои се од негова страна, но навистина јас немам ништо со ова. Те молам верувај ми, а ако не ми веруваш само кажи ќе го прифатам тоа како човек. Поздрав! --Макс(разговор) 13:44, 7 март 2009 (UTC)
Го забележав и уредувањето на страницата Геј и тогаш само се посомневав на твојот уредувачки стил, но го отфрлив случајот како единствен инцидент. Вторава низа на уредувања ми го сврте вниманието и морам да реагирам. Нема ни да се обидам да ти верувам или пак да не ти верувам — само погрижи се во иднина да нема вакви вулгарни коментари (без разлика дали ги направил твојот другар или пак ти). --Brainmachinewtf? 15:14, 7 март 2009 (UTC)
Незнам што да кажам! --Макс(разговор) 16:07, 7 март 2009 (UTC)


Сите овие држави имаа инфокутија од страна. Барем се додека не преместуваше ти нешто. Е кај е сега инфокутијата од страна?????--Р ашо 17:20, 12 март 2009 (UTC)

Хахах. Слушај, значи таа инфокутија е направена по грешка! Бидејќи имаме еквивалент на истата кутија која пак еквивалент на англиската кутија за држави. Само правам поорганизираност. И баш во моментов ги собирав сите држави кои ја користат кутиајата за да има ја ставам другава! Не ми текна дека можам така да ги видам сите статии кои ја користеле кутијата. За највеќе пола час сите ќе имаат „убава“ нова инфокутија. Може?
Немораш цела кутија да ја менуваш. Само името на кутијата менувај го.--Р ашо 17:30, 12 март 2009 (UTC)
Супер, тогаш!