Разговор со корисник:Najdovski~mkwiki

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пелистер - 2601 м
Молики во националниот парк Пелистер

Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метар надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 12.500 хектари и географската положба на паркот е 40°57’ СГШ и 21°14’ ИГД. Го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.


Потекло на името Пелистер[уреди извор]

Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древно (античко) македонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“. Кованицата бели+стени= белистени=пелистер е една од можните варијанти за потеклото на името Пелистер. Исто така, има мислење дека името „Пелистер“ е кованица од бел+истер= бел-истер = пелистер. Како аналогија се зема името на полуостровот Истра и ред други топоними, ороними и сл. од претсловенско, античко-венетскиот период. Значењето на „истер“ и ден-денес во македонскиот јазик како и милениуми претходно се употребува - означува нешто што е истерано, извишено, било во висина, било во море и сл. Колку за потсетување, старото име на реката Дунав е исто така Истер!


Географија[уреди извор]

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 m). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.

Вашата сметка ќе биде преименувана[уреди извор]

04:44, 18 март 2015 (CET)

Направено е преименување[уреди извор]

22:48, 21 април 2015 (CEST)