Разговор со корисник:Karovski

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добредојде!

Здраво, Karovski, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --Brainmachinewtf? 12:30, 21 септември 2008 (UTC)

Здраво[уреди извор]

Сакам да те прашам, зошто сметаш дека семејството Рогуш треба да има своја статија на Википедија? Освен што ти потекнуваш од нив? Мене искрено кажано - не ми е логично тоа, ниту можам да знам дали се тие податоци точни. Пребарав по интернет - нема никаде ништо ни како напис во весник за семејството Рогуш. --Виолетова (разговор) 17:02, 8 јуни 2009 (UTC)

Здраво Каровски! Сакам да ве известам дека статијата која неодамна сте ја напишале со наслов Рогуш е предложена за бришење. Ќе ве замолам да дадете коментар и образложение за вашите ставови, дали треба или не да се брише и зошто ако не треба да се брише. Доколку не се изјасните на време статијата може да биде избришана. Поздрав и се најдобро.--Никола Стојаноски 09:36, 9 јуни 2009 (UTC)

Образложение[уреди извор]

Не ја објавив страната Рогуш затоа што потекнувам од нив. Тоа е причина, но не е единствената причина. Ова семејство се наоѓа во турските документи од кривопаланечкиот регион, во истрага за серија на убиства на турци кои на најразличен начин го тероризирале населението со силувања и грабнувања на девојки. 20тина години подоцна, тие ќе станат благородно семејство благодарение на пронајденото злато и ќе управуваат со целото земјиште во регионот помеѓу неколку кочански и злетовски села. Се наоѓаат во турска архива од Виница како купувачи на најголемиот чифлик во Осоговието. Семејството како целина повеќе не постои, се распаднало во првата деценија од доаѓањето на социјализмот. Тие за разлика од другите аристократи во доцно турско, српско време и Кралството Југославија, кон потчинетите се однесувале со целосна почит, за што имало обиди да бидат отстранети од сцена со помош на платен српски џандар, кој имал задача да ги убие Каро и неговиот син Диванис, тогашниот владетел со чифликот. Денес семејството постои само во сеќавањата на постарите луѓе, а моето потекло од нив е контрадикторно, бидејќи доказ се единствено зборовите на мојот покоен дедо.

Тоа се причините заради кои сметам дека ова семејство треба да се наоѓа на Википедија. Во исчекување сум да добијам дозвола за пристап до документите кои ќе ги објавам на статијата. А во потрага сум и по мемоарите на Диванис, кои претпоставувам се наоѓаат во Кочанскиот историски архив.

Karovski (разговор) 19:24, 10 јуни 2009 (UTC)

ОК, ако е вака како што велиш, јас сум за да стои статијата но под услов да наведеш докази и референци кога ќе ги добиеш во рака за да има веродостојност статијата. Поздрав--Никола Стојаноски 21:30, 10 јуни 2009 (UTC)

Секако дека ќе наведам докази и референци, само дадете ми време.. Веќе имам поднесено барање до историскиот архив за да ги добијам мемоарите на Диванис, веродостојна копија од која ќе извлечам многу информации и материјални докази за тогашното, можеби единствено македонско благородништво... Karovski (разговор) 15:04, 11 јуни 2009 (UTC)

OK, јас го тргнав шаблонот за бришење.--Никола Стојаноски 18:17, 11 јуни 2009 (UTC)

Викимедија Македонија[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски ајзик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:19, 10 август 2009 (UTC)