Википедија:Википедијанци
Википедијанците се лица што пишуваат и уредуваат статии за Википедија, за разлика од читателите кои само ги читаат статиите и останатите содржини. Секој може да биде Википедијанец, вклучително и вие. Доволно е само да се притисне на врската уреди на почетокот од секоја страница или на почетокот од секое заглавие во статијата.
Предложено е дека Википедист би било посоодветно име, како што енциклопедист е некој што придонесува на енциклопедија. „Википедијанецот“ е дел од група или заедница како деноним. Во оваа смисла, википедијанци се луѓе кои ја формираат Википедија заедницата.
Бројот на сопственици на сметки на Википедија постојано се зголемува и денес има точно 43.746 регистрирани корисници, плус непознат, но исто така голем број на нерегистрирани уредувачи. Сепак, повеќето регистрирани корисници не се редовни уредувачи (види Листа на корисници за целосната листа). Детални статистички податоци за Википедија се достапни на овде.
Разновидноста на википедијанците ги прави скоро невозможни можните категорични тврдења за википедијанците како целина. Информации за повеќето регистрирани корисници можат да се најдат на нивните кориснички страници. Сепак, корисниците не се обврзани да ги создаваат овие страници или да ставаат информации на нив, тоа е по избор и може да биде избегнато.
Некои википедијанци ги пречекуваат новите корисници; некои википедијанци ги наградуваат оние за кои чувствуваат дека заслужиле награда. Некои подигнуваат слики; некои работат на статии за историјата; некои ги поправаат граматичките грешки; а пак други работат на отстранување на вандализам. Некои ги прават сите овие задачи. Без разлика која задача некој ќе ја одбере, трудот на секој википедијанец е скапоцен.
Видете исто така [уреди]
|
91 / 100
|
|
Според глобалното Испитување на уредувачите на Википедија од 2011 година од сите Википедијанци, 91% од уредувачите се машки. Но бројката на женски уредувачи е во постојан пораст.
|
|
20 / 100
|
|
76 / 100
|
|
40 / 100
|
|
Како што може и да се очекува, повеќето од уредувачите главно уредуваат (76%) или читаат (49%) на Англиската Википедија, потоа на Германската Википедија со 20% и 12%, потоа на Шпанската Википедија со 12% и 6% соодветно. Повеќе од половина (51%) од уредувачите допринесуваат на два или повеќе јазици.
|
|
59 / 100
|
|
59% од уредувачите се на возраст од 17 до 40 години, поточно, 14% од уредувачите се на возраст од 18–21, 13% од 22–29, и 19% се 30–39. 28% уредувачи се на возраст од 40+, а 13% се на возраст од 17 години или помлади.
|
|
66 / 100
|
|
66% од уредувачите велат дека основна цел им е да ги средуваат постоечките статии, 42% велат дека ги пребаруваат статиите а 28% создаваат нови статии. 23% велат дека најповеќе ја надгледуваат работата на другите, 22% учествуваат главно во дискусиите а 17% главно подигнуваат слики и други мултимедијални содржини.
|
|
71 / 100
|
|
71% од уредувачите допринесуваат бидејќи им се допаѓа идејата доброволно да го споделуваат знаењето, 69% веруваат дека информациите треба да бидат слободно достапни а 63% велат дека то го прават од забава. 7% уредуваат на Википедија од професионални причини.
|
Корисници [уреди]
Врз основа на корисничките права, се разликуваат следниви кориснички групи[1]: [исчисти]
- Администратори: 17
- Ботови: 86
- Прегледувачи: 25
- Бирократи: 5
- Создавачи на сметки: 0
- Автопатролери: 0
- Checkusers: 0
- Потврдени корисници: 0
- Edit filter managers: 0
- File movers: 0
- Founders: 0
- Importers: 0
- IP block exemptions: 2
- Oversighters: 0
- Researchers: 0
- Rollbackers: 0
- Stewards: 0
- Transwiki importers: 0
Забелешка: Некои кориснички групи (како што се стјуардите) дејствуваат глобално и тие не се бирани од локалната заедница и за нив не важат локалните правила.
Наводи [уреди]
- ↑ Овие бројки динамички се ажурираат со волшебното зборче NUMBERINGROUP:groupname