Пјеро Скаруфи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пјеро Скаруфи
Националност Италијанец
Поле наука, музика, уметност, историја, информатика

Пјеро Скаруфи (италијански: Piero Scaruffi) (Триверо, 1955) е научник, музички критичар и историчар на уметност со италијанско потекло. Завршил високо образование по математика на универзитетот во Торино (1982), а подоцна предавал на универзитетите Харвард и Стенфорд. Има објавено книги кои ја истражуваат историјата на популарната музика, поточно рок и џез правците. Најпознато дело му е A History of Rock Music (2003), во која се следи развојот на рок музиката во времетраење од 50 години.[1]

Наводи[уреди]

  1. Morrell, Dan (15 октомври 2006). „The Greatest Web Site of All Time“. „The New York Times: Arts“. Scaruffi inc.. http://www.nytimes.com/2006/10/15/arts/15morr.html. 

Надворешни врски[уреди]