Пупуке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. пренасочување Шаблон:Инфокутија Езеро

Езерото Пупуке е слатководно езеро сместено во вулкански кратер помеѓу населбите Такапуна и Милфорд на Северниот Брег на Окленд, Нов Зеланд. Езерото на едно место е оддалечено само 500 м од морето и има обиколка од 6 км со длабочина од 57 м[1]. Местото често го посетуваат излетници, веслачи, едрачи како и диви птици. Веднаш до старата пумпарница има и кафуле. Сè поголемата популарност на местото значи и намалување квалитетот на водата и тоа им задава грижи на локалните власти .

Другите слични вакви кратери во рамките на Оклендското вулканско подрачје биле затрупани од подоцнежни ерупции, а пад други се прекршиле на места и се излиле како резултат на долги врнежи. Езерото Пупуке сѐ уште е езеро заради тоа што водата оди по каналите заедно со лавата доаѓајќи под кратерскиот ѕид, создавајки разни извори по плажите помеѓу населбите Такапуна и Милфорд.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Извештај од контролата на езерото Пупуке Бр. KC7 - Совет на Северниот Брег, 20 јуни 2006 (проверено на 12 јануари 2008) (англиски)