Северен Брег (Нов Зеланд)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северен Брег
North Shore
North Shore Territorial Authority.png
Територијална
единица
Назив Град Северен Брег
(North Shore City)
Население 205,605[1]
Површина 129.81 km²
Густина 1,583.89/km²
Регионален
совет
Назив Окленд
Градот Северен Брег (портокалово). Темнопортокаловото ја покажува урбаната површина во рамките на (сивата) конурбациона површина на Голем Окленд.

Градот Северен Брег (англ. North Shore City, најчесто North Shore) е град во рамките на регионот Окленд во Нов Зеланд, подград на конурбацијата Окленд. Во јуни, 2006 градот имал 215,300 жители, и со тоа тој е четврт најнаселен грд во земјата. Тој е четврт и по површина, со 129.81 км² и крајбрежје од 141 километар. Тој е еден од четирите градови во Оклендската населена област. Ова е најгусто населениот град во земјата бидејќи, за разлика од другите новозеландски градови, најголемиот дел од површината му е од урбан или предградски карактер.

Географија[уреди]

Поглед на Северниот Брег од резервоарот на Форест Хил

Северниот Брег се граничи со округот Родни на север, пристаништето Ваитемата на југ и Рангитотскиот канал на заливот Хаураки на исток. Окленскиот пристанишен мост го поврзува со Градот Окленд од јужната страна на пристаништето Ваитемата, додека Горнопристанишниот мост го поврзува со Ваитакере на запад.

Управата на градот, наречена Совет на Северниот Брег (North Shore City Council) е сместена во Такапуна. Градот е поделен на три реони (wards): Пристанишен, Северен и Централен, а секој реон понатаму се дели на два одбора (community boards). Во внатрешните населби спаѓаат Милфорд, Такапуна, Белмонт, Девонпорт, Бејсвотер, Норткот, Биркенхед, Хајбери, Хилкрест, Гленфилд, Долина Ваирау, Вестлејк и Форест Хил. За надворешни пак, се сметаат Биркдејл, Бич Хевен, Северното Пристаниште, Албани, Гринхајт, Лонг Беј*, Торбеј*, Ваиаке*, Брауновиот Залив*, Ротсискиот Залив*, Марисиевиот Залив*, Заливот Маиранги*, Кемпбеловиот Залив* и Касторскиот Залив.

Населбите со ѕвездичка, заедно со неколку други мали плажи на брегот на заливот Хаураки, под заедничко име се нарекуваат Источнобрежни Заливи.

Локална управа[уреди]

Градот се управува од совет од 15 члена (Совет на Северниот Брег) како и градоначалник, демократски избиран секои три години по принципот на мнозинско гласање. Моменталниот градоначалник е Ендрју Вилијамс.

За парламентарни изборни намени, градот се дели на три цели изборни единици: Норткот, Северен Брег и Источнобрежни Заливи. Изборната единица Хеленсвил исто така зазема делови од северозападниот дел на градот. Политички, градот е претежно десничарски: на парламентарните избори во 2005, сите четири избрани парламентарци биле од Националната партија.

Стопанство[уреди]

Во Северниот Брег постојат преку 22,000 фирми, кој сочинуваат 6% од бруто домашниот производ на земјата. Градот е на прво место и растот на бројот на фирмите, со забележен пораст од 29.3% во периодот од 1998 до 2002 г.[2]

Во последните пет години е забележен огромен пораст и развој во населбата Албани и околината. Ова некогаш мирно приградско место сега е трговски и деловен центар на Северниот Брег. Разни малопродажници како групацијата Вестфилд имаат изградено (и сѐ уште градат) „супер трговски центри“ во очекување на постојан трговски развој и пораст. Во овој временски период местото бележи бум на изградбата на многубројни поевтини куќи и станови, а илјадници акри пасишта се претворени во мини-населби од стотици куќи од сличен дизајн и градба. Од тие причини Албани и околината привлекува стотици милиони долари во инвестиции.

Изградбата на станбени објекти на Северниот Брег продолжува со голема брзина да се шири кон север. Местото Орева во округот Родни, како и полуостровот Фангапараоа, 25 км северно од Такапуна, некогаш биле одморалишта. Сега тие се поврзани со Северниот автопат и постои можност подоцна да се спојат со Северниот Брег заради неговиот забрзан раст.

Изведни делови на Северниот Брег имаат меѓу најскапи недвижности во Нов Зеланд. Крајбрежниот тесен појас кој се протега северно од Такапунската плажа до Милфорд, често нарекуван „Златна милја“,[3] содржи многу недвижности со поединечна вредност од по неколку милиони новозеландски долари , особено заради плажите, езерото Пупуке, популарните училишта и трговските центри.

Демографија[уреди]

Според пописот од 2006 г., просечниот приход на жителите на Северниот Брег на возраст од над 15 години изнесувал $29,100, споредено со националниот просек, кој изнесувал $24,400.

Етничкиот состав на градот е 67.5% Европејци, 18.5% Азијци, 6.3% Маори, 3.4% Пацифички островјани, и 1.8% од Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка. Нешто над 10% се изјасниле како „Новозеланѓанец“,[1], кои на претходниот попис се изјасниле како Европејци.

Наводи[уреди]

Крајбрежјето на градот на јужниот дел од заливот Хаураки

Надворешни врски[уреди]