Прокопија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прокопија
Византиска царица
СопружникМихаил I Рангабе
Полно име
Прокопија
ДинастијаНикифорова династија
ТаткоНикифор I

Прокопија била византиска царица, сопруга на царот Михаил I Рангабе.

Семејство[уреди | уреди извор]

Прокопија била ќерка на царот Никифор I и сестра на царот Ставрикиј. Таа се омажила за Михаил Рангабе кон крајот на 8 век. Во тоа време сопругот бил командант на егејската флота на империјата.

На 31 октомври 802 година по државниот удар против царицата Ирина, нејзиниот татко го зазел византискиот престол. Така Прокопија официјално станала член на царското семејство.

Први години[уреди | уреди извор]

На 26 јули 811 година цар Никифор I бил убиен од Бугарите во Битката кај Плиска, а заедно со него бил уништен огромен дел од неговата војска која тргнала со царот на воен поход против Бугарија. Меѓу ретките преживеани бил и сопругот на Теофано, Ставракиј кој останал единствен цар на престолот.

Ставракиј сепак не останал неповреден од битката. Тешко повреден во пределот на грбот, тој останал парализиран. Поради раната, парализата на нозете и постојаната болка, набрзо се увидело дека Ставрикиј нема да може да ја извршува власта.[1] Како што се влошувала неговата состојба, дворот бил поделен помеѓу фракциите на неговата жена Теофано и неговата сестра Прокопија, која се надевала дека нејзиниот маж, Михаил Рангабе, ќе биде избран како наследник на царот.[2] Бидејќи немал негови деца за да го наследат, набрзо станало познато дека Ставрикиј сака да ја назначи Теофано како негов наследник.[3] Под влијание на жена му, започнал да ги запира командантот Стефан и магистрантот Теоктистос[4] и да ја префрли моќта, се обидел да го ослепи Михаил на 1 октомври 811 година.

Ова дело било поттикнато од дејствата на Стефан.[5] Имало и популарно озборување дека Ставрикиј планирал да го укина Царството и да ја основа како република.[6] Поддржувачите на Михаил, кои сега ги вклучувале Стефан и Теоктистос, како и патријархот Никифор I, кој бил запознаен со плановите на Ставрикиј да го предаде престолот на Теофано,[7] го приморале царот да абдицира на 2 октомври.[8] Пред да биде испратен од дворецот бил посетен од неговата сестра Прокопија, шурата Михаил и патријархот, сите ги оправдувале неговите дејства со фактот за тешките повреди, додека Ставрикиј ги прекорил сите, особено патријархот.[9] Ставрикиј се повлекол во манастир[10] каде починал од раните на 11 јануари 812 година.[11] Михаил Рангабе станал цар како Михаил I.[12].

Царица[уреди | уреди извор]

Откако нејзиниот сопруг бил прогласен за цар, Прокопија била крунисана за негова царицата. Како сопруга на царот, Прокопија го прудружувала на Михаил I во сите негови походи, но нејзиното присуството на бојното поле не било пречекано добро од војниците.

На 22 јули 813 година Михаил I бил поразен во Битката кај Версиникија против Бугарите. Иако византиската војска била побројна од бугарската, царот не успеал да го искористи тоа и бил еден од првите кои побегнале од бојното поле. По оваа загуба, која го отворила патот на Бугарите кон престолнината Цариград, Михаил и Прокопија бргу ја изгубиле поддршката во царскиот двор. Така на 11 јули 813 година Михаил I абдицирал од престолот во корист на Лав V Ерменец. Теофан раскажува дека Прокопија се спротивставила на оваа одлука на нејзиниот сопруг, поради што била принудена од новиот цар да се повлече во манастир. Датумот на нејзината смрт, сепак не позната.

Деца[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Treadgold, pg. 429; Norwich, pg. 9
  2. Treadgold, pg. 429; Bury, pg. 17
  3. Kazhdan, pg. 1946; Norwich, pg. 9
  4. Bury, pg. 17
  5. Treadgold, pg. 429; Kazhdan, pg. 1946; Bury, pg. 19
  6. Bury, pg. 18
  7. Bury, pg. 19
  8. Norwich, pg. 10
  9. Bury, pg. 20
  10. Treadgold, pg. 429; Finlay, pg. 128
  11. Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection and in the Whittemore Collection: Leo III to Nicephorus III, 717-1081 (1973), pg. 362
  12. Kazhdan, pg. 1362; Whittow, pg. 150
Претходник
Теофано
Византиска царица
811–813
Наследник
Теодосија