Претседател на Народна Република Кина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Претседател на Народна Република Кина
Flag of the People's Republic of China.svg
Знаме на НР Кина
Функционер
Сји Џинпинг

од 13 март 2013
Резиденција Џунгнанхај
Назначител Национално народно собрание
Мандат пет години, повторлив
последователно само еднаш
Прв функционер Мао Це Тунг
Основана 1954-1975
18 јуни, 1983
Портал Претседателство

Претседателот на Народна Република Кина (кин. 中华人民共和国主席, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó Zhǔxí, мак. „Џунгхуа женмин гунгхегуо џусји“) е шеф на државата Народна Република Кина. Функцијата е создадена со Уставот од 1982 г. Формално Националното народно собрание го избира претседателот согласно Член 62 од уставот. Меѓутоа во практика овие избори спаѓаат во категоријата на 'еднокандидатни' избори, каде кандидатот е препорачан од политбирото на Комунистичката партија.

Поимот „Џусји“ значи „претседател“ (како и „претседавач“). Меѓутоа поимот „претседател“ како шеф на друга држава е „Цунгтунг“ (总统, zǒngtǒng), што понекогаш предизвикува забуна.

Избор, наследување и услови[уреди]

Според Уставот на Народна Република Кина, Националното народно собрание, кое е теоретски највисокото законодавно тело, има моќ да избира и разрешува претседатели. По закон, претседателот мора да биде кинески државјанин со минимална возраст од 45 години. Претседателот не може да биде на власт повеќе од два последователни мандата, при што еден мандат е еквивалентен на едно заседание на собранието - 5 години.

Претседателот прогласува статути Националното собрание и Државниот совет. Академски, претседателот го назначува премиерот по одлука на собранието, вицепремиерите, членовите на државнот совет и сите министри откако нив ќе ги именува премиерот, како и сите амбасадори, сите претседатели на законодавни одбори, сите благајници и секретари. Претседателот има право да донесува специјални претседателски решенија, и може да прогласува вонредна состојба, и да објавува војна. Прв помошник на претседателот е потпретседателот на државата.

Доколку претседателот почине или даде оставка, неговите права и надлежности автоматски преоѓаат на потпретседателот. Во случај ако двајцата не можат да ги извршуваат овие задачи, таа функција ја врши претседателот на собранието како вршител на должноста претседател, сè додека собранието не избере нов претседател.

Однос со државата[уреди]

Државните органи на НР Кина

Бидејќи претседателот е шеф на државата, тој е одговорен и за надворешните работи на Кина. Од 1993, претседателот воедно е и Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина, кој е надлежен за определување на општа политика и правец на движење на државата, додека за самата имплементација на таа политика е задолжен премиерот, кој е шеф на владата. Со време претседателството во Кина се развило во прилично моќна функција бидејќи претседателот е воедно и генерален секретар кој стои на чело на партијата.

Однос со партијата[уреди]

Од 1990-тите години, претседателот по обичај е и Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.

Причина за ова е елиминираање на можните тензии за превласт помеѓу комунистичкиот лидер и шефот на државата.

Однос со војската[уреди]

Односот помеѓу претседателот и војската не е толку строго определен. Потенцијалот за конфликти се намалува кога, како во времето на Џиан, претседателот истовремено е и претседател на Централниот воен комитет. Меѓутоа когаова не е случај, постои можност за конфликти, како што можеше да се види во 2003 кога врховниот комунистички водач Ху Џинтао бил избран за претседател без да биде избран и за глава на воениот комитет. Покрај ова, највеќето функционери кои членуваат истовремено во партијата и во централниот воен комитет се виши генерали, што ѝ дава степен на автономија на армијата. Меѓутоа оваа автономија е ограничена со политички комесар.

Начелно, кога претседателот е и генерален секретар на партијата, тој може да ѝ нареди на партискиот воен комитет при ЦК да му нареди на Централен воен комитет да изврши нешто, меѓутоа нејасно е како ова би функционирало во кризни услови.

Постојат предлози да се промени уставот за да се создаде национален совет за безбедност, како Советот за безбедност на САД, кој му дава на претседателот неприкосновена контрола врз војската. Овие предлози не се расправаат активно заради спротиставените мислења на воените старешини. Во септември 2004, Џиан ја напуштил функцијата претседател на комитетот, и така претседателот Ху Џинтао станал врховен командант на кинеската армија.

Од 14 март 2013 г., на функцијата претседател е Сји Џинпинг.

Список[уреди]

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

Наводи[уреди]

  • Кина Интернет енциклопедија (англиски)

Надворешни врски[уреди]


Шаблон:Кинеска политика