Премиер на Народна Република Кина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Премиер на
Државниот совет на
Народна Република Кина
Flag of the People's Republic of China.svg
Знаме на НР Кина
Функционер
Вен Џиабао
Назначител Национално народно собрание
Мандат пет години, повторливо
последователно еднаш
Прв функционер Џоу Енлај
Основана 1 октомври 1949
Страница Државен совет (англиски)

Премиерот на Државниот совет или само Премиер (кин. 国务院总理, пинјин: guówùyuàn zŏnglĭ, мак. „Гуовујуен цунгли“), стои на чело на Државниот совет („Централната народна влада“ по 1954), и е шеф на владата на Народна Република Кина. Сè до 1954 функцијата првично се нарекувала Премиер на Владиниот управен совет (традиционално: 政務院總理). Премиерот добива формално одобрение од Националното народно собрание по номинација од претседателот. Во практика и премиерот и претседателот се избираат со однапред решени божемни избори кои се одржуваат еднаш на пет години. Премиерот членува во моќниот Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина за да го означи важниот статус на ова тело.

Содржина

[уреди] Надлежност

Премиерот е одговорен за организирање на и раководење со управните бирократски органи во земјата. Тука спаѓа надгледување на разните министерства, служби, комисии статутарни агенции. Премиерот нема власт врз армијата, туку стои на чело на Националниот комитет за одбранбена мобилизација. Во последниве години се забележува поделба на одговорностите помеѓу премиерот и претседателот (кој всушност е Генерален секретар на партијата) каде премиерот е одговорен за поединостите во имплементацијата на владината политика, додека претседателот (Генерален секретар) има задача да собира политичка поддршка која е потребна за донесување на одлуки.

Премиерот е помаган од четири заменици-премиери, започнувајќи со реформата на Денг Сјаопинг во 1983 г.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  • Кина - Интернет енциклопедија (англиски)

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици