Престој во Пеколот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Elle est retrouvée !
Quoi ? l'éternité.
C'est la mer mêlée
Au soleil.
_______________________
Ја нашле, ви зборев!
- Кого? - Вечност, неа!
Тоа е ширно море
под зраци што се леат.
Délires (Бладања)

препев: Влада Урошевиќ

Престој во Пеколот (Une Saison en Enfer) е книга на Артур Рембо напишана веројатно во периодот од април до август 1873 година, или уште поверојатно само комплетирана во овој период. Тој ја пишува во Рош, Ардените. Ова е единственото дело што е објавено од страна на самиот Рембо. Книгата има длабоко влијание врз многу подоцнежни писатели и уметници, а особено ќе дејствува како духовен предвесник на надреалистите.

Според одредени интерпретации и рецензии, првите посети на Рембо во Лондон кон крајот на 1872 година и самиот почеток на 1873 ќе го претворат младиот поет од редовен консумент на апсинт во незаситен пушач на опиум, премин што може и да го објасни контрастот меѓу халуционогениот видокруг на второто поглавје од Престојот во Пеколот познато како "Mauvais Sang" ("Валкана крв") и дури и најфантастичните стихови на претходното творештво на Рембо. Третото поглавје е наречено "Nuit de l'Enfer" ("Пеколна вечер") и претставува еден вид на овоземна, прочистена визија. Двата дела на четвртото поглавје (Vierge Folle - Лудата девица и Alchimie du Verbe - Алхемија на Зборот и двете поместени под заедничкото име Délires - Бладања) овој рафиниран стих го маскираат во вид на лична исповед. Бавно, но сигурно, останатите стихови го отсликуваат повредениот Рембо - деветнаесетгодишното момче што размислува за својата иднина; кратката воведна песна која најчесто се именува според својот почетен стих Jadis, si je me souviens bien... (Еднаш, ако сеќавањето ме служи добро...) веројатно е плод на оваа доцна сензибилност пројавена кај Рембо.

Артур Рембо
Дела: PoésiesLe bateau ivreLes illuminationsUne Saison en EnferПисма
Луѓе: Шарл БодлерЖорж ИзамбарЖермен НувоПол Верлен
Друго: СимболизамНадреализамPoète mauditL'Enfant TerribleÉpater la bourgeoisieРембо и модерната култура

Надворешни врски[уреди]