Апсинт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Апсинт е алкохолен пијалок, често погрешно наречен ликер, чија главна состојка е пелинот, Artemisia absinthium. Апсинтот е познат по својата популарност во Франција, а особено романтичните асоцијации со Париските уметници и писатели од 19-тиот и 20-тиот век, се до неговата забрана во 1915. Најпознатата марка апсинт во светот била Pernod Fils. Апсинтот е ликер со темно зелена боја кој после припремањето добива опалесцентна жолто-зелена боја. Има сличен вкус на мастика, узо и други ликери чија главна состојка е анасонот. Главни состојки се пелин, анасон, милодух, мелиса, и "Римски пелин" (Roman Wormwood) (Artemisia Pontica). Некои рецепти вклучуваат и корен од ангелика, кориандер, ким, и други планински растенија. Со едноставна мацерација (плакнење) на пелин без дестилација се добива многу горчлив пијалак, чија горчина се должи на абсинтинот, една од најгорчливите супстанци кои постојат. Автентичните рецепти вклучуваат дестилација после примарната и пред секундарната мацерација, која пак служи за обојување.