Портал:Театар/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жаби (грчки: Βάτραχοι (Вáтрахи)) е комедија на античкиот комедиограф Аристофан која за прв пат е изведена на Дионисискиот фестивал во Ленеа во 405 година п.н.е.

Според толкувањето на Радмила Шалабалиќ идејата која е содржана во комедијата се однесува на напорите на поетот да им укаже на жителите на Атина на можниот излез, некаков спас од потполната пропаст во војната со Спарта. Аритсофан ја излага идејата дека за атињаните спасот веќе не е ни во мирот, ни во војната, туку во враќање на идеалите на минатото, идеалите од времето на победата во Маратон и Саламина кои во литературата се симболизирани од јунаците на Есхил. Спасот е во она што е пропуштено: доколку се држеле до принципите на умереност и правичност не би ни дошло до атинскиот империјализам и бескрајното војување.

Во другото значење комедијата на Аристофан претставува прва детална и образложена книжевна критика во современо значење. Неговите проценки за целите на поезијата, препораките и критиките имаат вредност на озбилна теорија. Таа е прв придонес кон книжевната естетика во светската книжевност (Дројзен). Самиот наслов на комедијата е пародија на софистичко надзборување (кое исто така е критикувано од Аристофан), односно аристократско-олигархиското интелектуално брборење и демократско-демагошкото гласно крекање. Прочитајте повеќе