Портал:Кулинарство/Избран пијалок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чај (кинески: , чá) е пијалак кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis . Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis. Прочитајте повеќе