Портал:Класична музика/Избран композитор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јохан Себастијан Бах (21 март 1685 С.С.28 јули 1750 Н.С.) е германски композитор и оргулар чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритми и текстури, особено италијански и француски.

Бах се смета за еден од најголемите композитори во западната тонална традиција заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус. Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите и партитите за клавијатура, Мисата во ха-мол, Пасијата на Св. Матеј, Музичкиот подарок, Уметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220. Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички одлики во хорот,,Ehre sei Gott in der Höhe" од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 год., во зрелиот период на неговото творештво...

Повеќе...