Партита

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Партита (од итал. partitare = „дели“) првично се однесувало на поединечно инструментално музичко дело (XVI и XVII век), но композиторот Јохан Кунау (1660-1722) и подоцнежните германски композитори (особено Јохан Себастијан Бах) го користеле поимот со значење на збирка на музички дела, како синоним за свита.

Јохан Себастијан Бах има искомпонирано две збирки партити за различни инструменти. Оние за соло клавијатура ги издал под наслов Опус 1 (познат како „Вежби за клавијатура I“, т.е. Klavierübung I). Некои за партита ја сметаат и свитата во Х-мол, наречена „Увертира во француски стил“ (или „Француска увертира“) (видете Француски свити). Баховите партити многу ретко се нарекуваат „Германски свити“, како аналогија на „националното“ именување на Англиските и Француските свити. Видете: Партити за клавијатура (BWV 825–830).

Бах искомпонирал и три партити за соло виолина во 1720 г., кои ги спарил со сонати. Видете: Сонати и партити за соло виолина.

Извор[уреди]

Пример[уреди]