Портал:Историја/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Холокауст (на хебрејски: השואה Ха-шоа) е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.

Овој режим исто така масовно убивал и други народи и групи на луѓе, какo: Ромите, Словените, хомосексуалците, хендикепираните, итн.

Зборот Холокауст потекнува од старогрчката кованица holocauston [(ὁλοκαύτωμα, holokáutoma): (ὅλος) holos-целосно, (καῦσις) kausis, causton-палење)] и се користи за да го опише убивањето на околу шест милиони европски Евреи во текот на Втората светска војна, како дел од програмата за планско и методско уништување на Евреите и некои други народи од страна на Адолф Хитлер. Прочитајте повеќе