Атлас е збирка на карти, најчесто поврзани во книга, но исто така во поново време може да се сретнат во мултимедијален формат.
Порталот Атлас е портал за карти и картографија на Википедија. Порталот содржи врски кон статии од областа на картографијата (вклучително и карти) за државите, континентите односно за било која друга тема.
Латитудата (географската ширина), означена со грчката буква φ (фи), ја дава местоположбата на место на Земјата северно или јужно од Екваторот. Латитудата на еден регион има големо влијание врз неговата клима и временски услови.
Латитуда
|
|
| Карта на Земјата која ги покажуваа линиите на латитудата. Линиите на латитудата се прави и хоризонтални на оваа карта |
|
Латитудата е аголна мерка која се движи од 0° на Екваторот до 90° на половите. Други латитуди од особена важност се: северниот повратник (Соѕвездие Рак), јужниот повратник (Соѕвездие Овен), северниот поларен круг (Арктички поларен круг), јужниот поларен круг (Антарктички поларен круг).
Сите локации на дадена географска ширина, т.е. латитуда се колективно нарекувани како линија на латитудата, или паралела (напоредник), и сите такви површини се паралелни на Екваторот.
Географската ширина приближно ги одредува тендециите во врска со климата, поларните светлини, ветровите и останатите физички карактеристики на определена географска локација.
(повеќе...)