Питбул (рапер)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Питбул
Pitbull на матурска забава,Алхамбра, Калифорнија, 2007.
Pitbull на матурска забава,
Алхамбра, Калифорнија, 2007.
Основни податоци
Родено име Армандо Кристиан Перез
Роден(а) 15 јануари 1981 (1981-01-15) (33 г.)
Мајами, Флорида, САД
Жанр(ови) Хип-хоп, реге
Занимање/ња Рапер, текстописец
Години активност 1997 - денес
Прод. куќа/ќи - RCA
- Jive
Сродни групи - Бан Би
- Диџеј Калд
- Лил Џон
- Дејвид Раш
- Трик Деди
- Твиста
Веб-место www.pitbullmusic.com

Армандо Кристиан Перез (англиски: Armando Christian Pérez) (роден 15 јануари 1981) е американски рапер познат по своето сценското име Питбул (англиски: Pitbull). Неговата прва сценска изведба била со албумот на Лил Џон, „Kings of Crunk“ од 2002, по што го издаде својот деби-албум во 2004 насловен „ M.I.A.M.I.“ (скратеница за „Money Is a Major Issue“ што значи „парите се огромен проблем“) под продукцијата на ТВТ Рекордс. Оттогаш издаде уште два албума под етикетата на ТВТ Рекордс, „El Marie“l во 2006 и „The Boatlift“ во 2007. Домакин е и на своето шоу со програма на шпанско-англиски јазик на кабелкиот канал Мун 2 (Mun2) наречено La Esquina (Аголот).

Живот и кариера[уреди]

Живот и почетоци на кариера[уреди]

Перез е роден во првата генерација на Кубански емигранти, чии родители го терале да го рецитира поетот Хозе Марти. Бил под влијание на Мајами бас жанрот за хип-хоп музика. Родителите на Питбул се разделиле кога бил мал и бил одгледан од својата мајка. Подоцна живеел со фамилијата која го посвоила во Рузвел,Џорџија. Започнал да рапува во средно школо, инспириран од Нас, Нуториос Б.И.Г. и Биг Пан. На возраст од 16 години, неговата мајка го исфрлила од нивниот дом бидејќи бил дилер на дрога. Тогаш завршил во средното училиште Корал Геблс и се фокусирал на кариерата со рапување. По запознавањето со Ирв Готи, Питбул се запознал со Лутер Кембел од Ту лајв Кру, кој го охрабрил на рап-битка на радио. Подоцна се појавил интерес за жанровите од западниот и источниот брег. Питбул објаснил зошто го избрал токму ова сценско име, велејќи дека „кучето е премногу глупаво за да изгуби. Всушност тоа е тоа што сум и јас. Постојана битка“.По запознавањето со Лил Џон во Мајами, Питбул заедно со Лил Џон и Ист Сајд Бојз во 2002 година се појави во албумот „Kings of Crunk“. Следната година, песната „Oye“ на Питбул се појави во филмот 2 Fast 2 Furious. Освен тоа, Питбул објави неколку миксови и ремикси од популарната рап музика.

2004–2005: M.I.A.M.I[уреди]

Во 2004, Питбул го објави својот деби-албум M.I.A.M.I., со водечкиот сингл „Culo“ продуциран од Лил Џон и Диаз Брадерс, кој достигна до 32 место на Билборд Хот 100 листата и 11 место на Хот Рап листата. Други синглови му се „Dammit Man“, „Back Up“, „Toma“, и „That's Nasty“ (во двете вклучувајќи го Лил Џон). Питбул се појавува и во синглот „Shake“ на Јинг Јанг Твинс кој стигна до 41 место на Хот 100 и на 12 место на Рап листата, додека со „Hit the Floor“ заедно со Твиста (на 94 место на Хот 100 и 20 место на Рап). Ремикс албумот„ Money Is Still a Major Issue“ е објавен во ноември 2005, вклучувајќи го и новиот дует со хип-хоп групата Прити Рики „Everybody Get Up“. Тогашната продукција на Питбул, ТВТ Рекордс дискутираа со Слип ен Слајд Рекордс во врска со објавувањето на „Welcome to the 305“, необјавениот албум кој Питбул во 2001 година го снимаше со Слип ен Слајд. Судија во Мајами одлучи албумот да биде објавен од Слип ен Слајд, додека судијата од Фередалниот Суд ја потврди одлуката. Во март 2007 година, поради блокирање на објавата на албумот, на ТВТ им беше наредено да им отплатат 9.1 милиони долари на Слип ен Слајд. Во јануари 2006 игра улога во UPN, South Beach.. Во 2006 година ја снима и „Nuestro Himno“, во соработка со Вајклаф Џин, Карлос Понс и Олга Танон. Во деби-албумот на Терор Сквад „ Listennn... the Album“ Питбул изведува две песни: „Holla At Me“ и „Born-n-Raised“, заедно со други јужни рапери.

2006: El Mariel[уреди]

Вториот албум „ El Mariel“ е објавен во октомври 2006 година. Името го добил според бродот кој транспортирал бегалци од Куба во Флорида во филмот „Scarface“. Албумот го посветил на својот татко кој починал во мај истата година. Паралелно со забавните песни, во „El Mariel“, Питбул вклучи и политички тематики. Албумот е објавен на 31 октомври 2006, вклучувајќи ги и песните „Bojangles“, „Ay Chico (Lengua Afuera)“, „Fuego“,како и „Dime (Remix)“. „El Mariel“ стигна до врвот на Билборд независната албумска листа , додека на Билборд 200 стигна до 17 позиција како и 2 место на рап листата.

2007–2008: The Boatlift[уреди]

Третиот албум на Питбул наречен The Boatlift, е објавен во ноември 2007, проследен со темата „Secret Admirer“ во чиј рефрен се појавува и Лојд. Претходно Питбул објави дека во овој албум ке се појавува повеќе уличен рап отколку во неговите претходни албуми. Последователни синглови се „Go Girl“ со Трина и „The Anthem“ со Лил Џон. „Go Girl“ стигна до 80 позиција на Билборд хот 100 и 36 позиција на Хот рап листата ; „The Anthem“ стигна до 36 позиција на Хот 100 и 11 Хот рап листата.

Разновидното шоу, La Esquina на Питбул, во мај 2007 дебитираше на кабелската мрежа Мун 2. На 21 декември 2007 година, Питбул е уапсен за возење во пијана состојба; плати кауција од $1,000 и се истакна како невин. Подоцна е ослободен од обвинувањето. Питбул се појавува заедно со диџеј Лаз во „Move Shake Drop“ како и со диџеј Фели Фел во темата „Feel It“. 2009 - до денес


2009: Rebelution[уреди]

За последниот албум Rebelution, Питбул објавува синглови под етикетата на Ултра Рекордс. „Krazy“ (со Лил Џон ) и „I Know You Want Me (Calle Ocho)“, по неговата последна продукција ТВТ Рекорд излегува од игра. „Krazy“ достигна до 30 место на Билборд Хот 100 листата и 11 место на Хот Рап листата. „I Know You Want Me“ стигна до 2 позиција на Хот 100 вклучувајќи ги и Топ Тен листите на Велика Британија, Канада, Италија и Холандија. Според списанието Билборд, песната стигна до првата позиција во Франција во последната недела на 29 август 2009 на Европскиот Хот 100.

Потоа, преку Сони Мјузик потпиша договор со Поло Граунд Мјузик и формира своја етикета Mr.305 Inc. Други синглови се и „Blanco“ и „Hotel Room Service“ со Фарел Вилијамс. Веднаш по „Go Girl“,Питбул се појави на деби-синглот на раперот Дејвид Раш „Shooting Star“ заедно со Кевин Рудолф.

Кон крајот на мај 2009 година, на интернет се појави едно аматерско видео на Питбул на концерт во Колорадо во кое тој удира еден гледач од публиката. На Ем Ти Ви изјави дека тое го направил затоа што обожавателот фрлал пари на сцената. Бил сниман од страна на Мајами Долфинс за да соработува паралелно со Ти-паин и Џими Буфе со цел да исфрлат нов сингл за Долфинс. Градот Мајами на 19 август му додели награда Клучот на Мајами (Key of Miami).

Дискографија[уреди]

Студиски албуми

Година Детали за албумот USA US R&B US Rap US Indie CAN продажба
2004 M.I.A.M.I.: Money Is a Major Isue

• Објавен 24 август,

• продукција ТВТ овлик CD, Касета, LP, Дигитално преземање

14 7 * 1 - Злато
2006 El Mariel

• објавен 17 октомври 2006

• продукција TVT

• облик CD, LP, дигитално преземање

17 5 2 1 -
2007 The Boatlift

• објавен 27 ноември 2007

• продукција TVT

• облик CD, LP, дигитално преземање

50 13 5 7 -
2009 Rebelution

• објавен 1 септември 2009

• продукција Polo Grounds/RCA Music Group

• облик CD, LP, дигитално преземање

8 5 1 - 3