Писалка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Писалка[1][2] — предмет што се користи за пишување. Најстарите средства за пишување биле разни дрвени стапчиња, шилести камења, скршени школки итн.[3]

Материјали и прибор што се користеле за пишување[уреди | уреди извор]

Стилус користен за пишување во 14 век

Писалките биле условени од материјалите на кои се пишувало. Се разликуваат две техники на пишување:

  • врежување знаци на тврда површина,
  • пишување знаци со некаква боја.

За врежување се користеле длето, чеканче и шилци, додека за пишување на помек материјал (на пр. глинени или восочни плочки) користеле различни писалки, т.е. стилуси.[3]

Длето и чеканче[уреди | уреди извор]

Египетските хиероглифи првично биле врежувани на карпите на храмовите, големите градби, надгробните споменици со остро метално длето и чеканче. Хиероглифите исто така се всекувале во дрво со длето или нож.[3]

Четкички[уреди | уреди извор]

Старите Египќани сликале со мали стапчиња направени од рогоз, направени во облик на четкички. Со нив на камен или друг материјал се нанесувале течности со различна боја. Исто така, од 3. век пр.н.е., Кинезите користеле четки (пронаоѓач Менг Тиен) направени од животински влакна. Во Кина, Јапонија и др. четкичките и денес останале како писалки.[3]

Стилуси[уреди | уреди извор]

Стилуси (латински: stilus) се метални ( бронза, железо) или писалки од слонова коска. Во ретки случаи, биле користени благородни метали. Најмногу се користеле за пишување на восочни таблици. Се пишувало со зашилен врв, додека тапиот дел се користел за измазнување на восокот или поправка на текстот.[3]

Стилусите најчесто се користела во средниот век и биле изработувани со должина од 15 до 20 сантиметри.[3] Учениците во средновековна Европа користеле стилуси за да пишуваат на дрвени таблици обложени со црн или зелен восок, оставајќи бели траги со остриот крај на стилусот кои можеле да се избришат со тапиот крај.[4]

Каламус[уреди | уреди извор]

Каламусот е писалка направен од цевчести стебла на растенија (на пр. трска) и косо исечени на врвот. Со нив се пишувале на папирус така што прво се потопувал каламусот во мастило.[3] Мастилото било направено од саѓи, смола и вода, во која подоцна бил додаван јаглен во прав.[3]

Го користеле Египќаните, Грците, Римјаните, Арапите, а позната е и кај Србите, Турците и други народи.[3]

Перо[уреди | уреди извор]

Птичјото перо се користело на почетокот на средниот век во Европа. Направено е од опашки или крилја на големи птици. Некои историчари веруваат дека Теодорих Велики (455-526 ) бил првиот што ги користел. Најчесто тие биле долги 30 сантиметри и потсечени на врвот.[3]

Метално перо се користело во Рим пред 1800 години. Вакви пера биле откриени во урнатините на Херкуланеум и некои римски гробови од 1 век од нашата ера.[3] Првото модерно челично перо било направено во 1789 година, а за нејзин творец се смета Алојз Зенефелдер, творец на литографијата. [3] Наливперото било конструирано во Америка во 1884 година, а во Европа се раширило по 1900-тите години.[5]

Молив[уреди | уреди извор]

Моливот се користи од 1790 година, иако неговиот најважен дел, графитот, бил откриен уште во 1564 година во близина на Бороудејл, во англиското грофовство Камберленд. Французинот Николас Конте го усовршил графитниот молив во 1790 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „писалка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „писалка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Фуруновић, Драгутин (1999). Историја и естетика књиге. Нови Београд: Д. Фуруновић. стр. 123–131.
  4. „Stylus | writing implement“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-03-30.
  5. Бараћ, Драган (2004). Општа историја писма. 2004: Академска издања. стр. 122. ISBN 86-7113-107-6.CS1-одржување: место (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]