Петар Драганов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Данилович Драганов снимен во Комрат една година пред смртта ( 1927 година ).

Петaр Драганов (18571928) — руски филолог, славист и македонист, роден во Комрат, Руска Империја. По потекло е Бугарин од Бесарабија[1][2][3]. Студирал историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.

По покана од Бугарската егзархија, од 1885 до 1887 година работи како професор во Солунската машка гимназија.

Во Солун доаѓа како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет. Но, по обемните етнографски истражувања во Македонија, изградува сопствени ставови за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците. Според Драганов, Македонија претставува засебна етнографска целина на Балканот, исто како што македонските говори се дел од посебен македонски јазик. Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со теориите на неговите бугарски работодавачи, Драганов се враќа во Русија каде преку бројни написи и предавања ги поставува темелите на македонистиката во Русија.

Фотографии[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Кузман Шапкарев - „За възраждането на българщината в Македония“, София, 1984, стр. 594
  2. акад. Блаже Ристовски - „Македонистот Петар Драганов“
  3. Петар Драганов - „1888:A New Work on the Ethnography of the Macedonian Slavs“