Перен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Перен
Врвот Перен
Највисока точка
Надм. вис.1.326 м
Координати42°16′22.26″N 22°1′7.99″E / 42.2728500° СГШ; 22.0188861° ИГД / 42.2728500; 22.0188861
Географија
Перен на карта

Карта

ЗемјаМакедонија
Матичен венецКозјак
Искачување
Прво освојувањенепознато

Перен ― највисок планински врв со 1,326 м на планината Козјак сместена во североисточниот регион на Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Врвот се наоѓа во околината Дејловце, во Општина Старо Нагоричане. Во близина на Перен се наоѓаат селата: Длабочица, Арбанашко и Цветишница.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Самиот врв е ридест и е пасиште, со ниска вегетација и грмушки. Има облик на заоблено било и е лесно препознатлив бидејќи на него има репетиторни станици. На врвот има табла со назив на врвот и надморска височина.

Достапност[уреди | уреди извор]

Поради потребите за одржување на репетиторните станици, до врвот води колски пат по кој може да се стигне со велосипед и со теренско возило. Под самиот врв поминува асфалтен пат кој води до околните села. Од патот до врвот има околу 1 км пешачење.

Разно[уреди | уреди извор]

Во февруари 2015 година, планинарите од ПК „Козјак“ се искачиле на врвот во чест на починатиот претседател на Македонија, Борис Трајковски.[1]

Врвот бил искачен во јануари 2020 година, од страна на Планинарското друштво Трансверзалец. Искачувањето било во рамките на нивниот планинарски проект „12 Врвови“.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Планинарите од „Козјак" се искачија на Перен“. Канал 5. 1 март 2015. Посетено на 16 мај 2023.
  2. „Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)“. Планинарското друштво Трансверзалец. јануари 2020. Посетено на 16 мај 2023.