Папеса Јована

Од Википедија — слободната енциклопедија
Папесата Јована јавно се породува за време на улична поворка. Забележете го шутот зад столбот како се потсмева на настанот, како и коринтскиот столб кој има чудно лице на демон. Резба од Џовани Бокачо. Денес се наоѓа во Британскиот музеј. Околу 1353 г.

Папеса Јована била славна жена која наводно владеела неколку години за време на средниот век. Приказната за неа првпат се појавува во записите од 13 век[1], а потоа била проширена и преправана низ цела Европа. Со векови се мислело дека таа потекнува од старите верувања поврзани со римските споменици или од анти-папската сатира, иако денешните научници го сметаат ова за измислица.

Првото спомнување на жената-папа се појавува во приказната на Жан де Мајли, но најславната и највлијателна верзија била Chronicon Pontificum et Imperatorum од Мартин од Опава, напишана во 13 век. Повеќето верзии на нејзината приказна ја опишуваат како талентирана и учена жена која се преправа во машко, во повеќето приказни по наредба на љубовникот. Во најобичните приказни, заради нејзините способности, таа се издига во црковната хиерархија, на крајот избрана папа; сепак, додека јава коњ, таа раѓа дете, на тој начин откривајќи го својот пол. Во многу верзии, таа умира набргу, убиена од збеснатата толпа или од природни причини. Нејзините наследници избегнувале да се потсетуваат на неа.

Легендата[уреди | уреди извор]

Средновековна уметничка изведба на папесата Јована со папска тијара (папска круна). Илустриран ракопис. Национална библиотека на Франција, околу 60-тите години на 16 век..

Првото спомнување на жената-папа се појавува во приказната за Мец од Доминиканецот Жан де Мајли, Chronica Universalis Mettensiс, напишана во почетокот на 13 век. Во неговата приказна, жената-папа не е именувана, а настаните се случуваат во 1099 г. Според Жан:

Барање: Во врска со одредениот папа или поточно жена-папа, што не е ставена на списокот на папи или бискупи на Рим, бидејќи била жена која се преправила во маж и поради нејзиниот карактер и знаење станала судски секретар, потоа кардинал и на крај папа. Еден ден, јавајќи коњ, таа се породува. Веднаш, според римската правда, ѝ била заврзана ногата за опашката на коњот и била влечена и каменувана од народот половина километар и каде што починала, таму била закопана, а на местото е запишано: ,Petre, Pater Patrum, Papisse Prodito Partum’ [Ох Петаре, татко на татковците, проколни го раѓањето на жената-папа]. Истовремено, четиридневниот пост наречен „пост на жената-папа“ бил воведен“

— Жан де Мајли, Chronica Universalis Mettensis

Приказната на Жан де Мајли била изберена од неговиот пријател Доминиканец Етиен де Бурбон, кој ја вклопил во своето дело Седум дарови на Светиот дух. Сепак, легендата станала најпозната кога се појавила во третата рецензија (изменета верзија) на Chronicon Pontificum et Imperatorum од Мартин од Опава подоцна во 13 век. Оваа верзија, која можеби била од самиот Мартин, е првата што му дала име на ликот, истакнувајќи дека таа била позната под името „Џон Англикус“ или „Џон од Мајнц.“ Таа исто така, го менува и временскиот период од 11-ти на 9 век, кажувајќи дека Јована владеела меѓу Лав IV и Бенедикт III во 50-тите години на 9 век. Според Chronicon:

Џон Англикус, родена во Мајнц, била папа две години, седум месеци и четири дена, а починала во Рим, по што следувало едномесечен прекин во папството. Се тврдело дека Џон била жена што како девојче била одведена во Атина облечена во машка облека со помош на нејзиниот љубовник. Таму таа се образовала во разни гранки од науката, сè додека ѝ немало рамен, а потоа во Рим учела за слободната уметност. Меѓу нејзините ученици и публика имало големи мајстори. Во градот се појавило високо мислење за нејзиниот живот и знаење; па така била избрана за папа. Сепак, додека била папа забременила од нејзиниот љубовник. Несвесна за точниот датум кога ќе се роди бебето, таа почнала да се пораѓа за време на поворката од црквата Св.Петар до Латеранската црква, по патот некогаш наречен Via Sacra (Светиот пат), но сега познат како „пат за избегнување“ меѓу Колосеумот и црквата Св.Климент. Се зборувало дека по нејзината смрт била закопана на тоа исто место. Папата секогаш ја избегнува таа улица и многумина веруваат дека ова се должи на гнасењето од тој настан. Таа не е ставена на списокот на Светите папи, и поради нејзиниот пол и поради целата налудникава приказна.

— Мартин од Опава, Chronicon Pontificum et Imperatorum

Една верзија на делото Chronicon дава различен крај на жената-папа. Според оваа верзија, таа не умира веднаш по нејзиното разоткривање, туку била затворена и симната од власт, по што потрошила многу години во покајание. Нејзиниот син од аферата станал бискуп на Остија и кога таа починала тој наредил да се погребе во неговата катедрала.

Други упатувања кон жената-папа дале раните писатели, иако ниту едно не се појавува во ракописите кои му претходат на Chronicon. Најцитираното е Anastasius Bibliothecarius (886 г.), составувачот на Liber Pontificalis, кој бил следбеник на жената-папа сè до времето на Chronicon. Сепак, приказната е најдена само во еден ракопис од Анастасиј. Овој ракопис кој се наоѓа во ватиканската библиотека, го содржи односниот премин внесен како фуснота на дното на страната. Тој не се совпаѓа во низата и не е логичен, и датира од времето по Мартин од Опава. Можно е овој „сведок“ на жената-папа да бил создаден според приказната на Мартин, но нема никаков извор за тоа. Истото е точно и за делото Приказна за папите од Маријан Скот, текст напишан во 11 век. Некои од записите во таа приказна содржат кратко спомнување на жената-папа наречена Јована (првиот извор кој ѝ дал женско име), но сите овие записи се по делото на Мартин. Легендата не се спомнува во претходните записи.

Некои верзии на легендата кажуваат дека наредните папи биле подложени на испитување, односно морале да седнат на стол кој имал дупка наречен sedia stercoraria (стол за вршење нужда) и таму кардиналот ги испитувал гениталиите за да се докаже дека папата е машко, а потоа објавувал „Duos habet et bene pendentes" („Има две, и добро се нишаат“).

Подоцнежни развивања[уреди | уреди извор]

Од средината на 13 век па наваму, легендата била проширена, а многу луѓе верувале во неа. Јована била користена како пример во доминиканската проповед. Бартоломео Платина, научник кој бил префект на ватиканската библиотека, го напишал своето дело Vitæ Pontificum Platinæ historici liber de vita Christi ac omnium pontificum qui hactenus ducenti fuere et XX во 1479 г. по наредба на својот господар, папата Сикст IV. Книгата ја содржи следната приказна за жената-папа:

Папа Џон VIII: Џон, со англиско потекло, е родена во Мајнц и се велело дека ѓаволот ја донел во папската палата; таа се преправила во маж и уште кога била мала заедно со нејзиниот учител, учен човек, заминала во Атина каде го надоградила своето знаењето со помош на професорите таму така што, кога дошла во Рим запознала малку кои можеле да се рамнат со неа, многу помалку што знаеле повеќе од неа, дури и во знаењето за скулптурите; а од нејзиното знаење и прекрасно читање и расправа, стекнала толку голема почит и авторитет што по смртта на папата Лав IV (како што вели Мартин) со едногласна согласност била избрана за папа во неговата соба. Додека одела кон Латеранската црква меѓу Колосијанскиот театар (така наречен од Колосиј на Нерон) и Св. Климент, нејзините породилни маки почнале и починала веднаш, по владеење од две години, еден месец и четири дена, и била закопана на истото место без никакви свечености. Оваа приказна е раскажана на груб начин, но од страна на несигурни и нејасни автори, па затоа зборував за неа малку и кратко, бидејќи се плашев да не звучам тврдоглав и упорен ако ги прифатев толку општите приказни. Направив подобра грешка со остатокот на светот, и да е точно, она за коешто зборував можеби не е толку неверојатно.

Нови спомнувања на жената-папа се појавиле во доцниот среден век и ренесанса. Џовани Бокачо пишувал за неа во De Mulieribus Claris (1353 г.). Во делото Chronicon од Адам од Уск (1404 г.) таа се вика Агнес, и се спомнува за статуа во Рим за која се мисли дека е нејзина. Оваа статуа никогаш и никаде не била спомната од некој писател порано; веројатно тоа било вистинска статуа за која се сметало дека е направена за жената-папа. Кон крајот на 14 век излегло изданието Mirabilia Urbis Romae, водич за аџиите во Рим, кое ѝм кажува на читателите дека остатоците од жената-папа се закопани во црквата Св. Петар. Отприлика тогаш, долга низа на претходни папи биле симнати од власт којашто вклучува и жена-папа наречена „Јоханес VIII, жена од Англија“ и ја вклучуваат меѓу Лав IV и Бенедикт III.

На неговото судење во 1415 г., Жан Хас тврдел дека на црквата не ѝ е неопходен папа, бидејќи, за време на изборот на „папа Агнес“ (како што ја нарекувал), одело добро. Противниците на Хас на ова судење инсистирале дека неговото тврдење не потврдува такво нешто за независноста на црквата, но воопшто не оспорувале дека имало жена-папа.

Исто така, постоеле слични легенди на оваа. Во 20-тите години на 13 век, Доминиканецот Роберт од Узес опишува визија во којашто го видел столот „каде што, како што велат, се проверува дали папата е машко.“ папесата Јована е поврзана со неверојатни случувања. Џакомо Пенцио (филозоф 1495-1527 г.), во дело лажно препишано на Петрарка (1304-1374 г.), напишал во Chronica de le Vite de Pontefici et Imperadori Romani дека откако папесата Јована била разоткриена:

...во Бреша врнело крв три дена и три ноќи. Во Франција се појавиле неверојатни скакулци, кои имале шест крила и многу цврсти заби. Тие летале необично низ воздухот, и сите се удавиле во британското Море. Златните тела биле одбивани од морските бранови и го вознемирувале воздухот, па така многу голем број на луѓе умреле (Chronica de le Vite de Pontefici et Imperadori Romani од Франческо Петрарка).

По мрачното доба и средновековните хроничари, неколку протестантски писатели ја ставиле легендата за папесата Јована во нивните анти-католички дела. Во 1675 г., се појавила книга на англиски јазик насловена како Подарок за папски приврзаници: или животот и смртта на папесата Јована, јасно докажани од печатените копи, и записи од папски писатели и други, дека жена наречена Јована, навистина била ПАПА на РИМ, и добила син-копиле таму, на самата улица додека одела на свечена поворка. Книгата опишува, меѓу другите приказни, приказна за наводната папа Јована што раѓа син пред очите на сите, придружена со детална резба што прикажува прилично изненадено бебе кое ѕирка од под облеката на папата. Книгата била подпишана „Од ВИСТИНСКИ ЉУБОВНИК, одбивајќи ја човечката безгрешност.“ Според предговорот, авторот бил долго време мртов“ и бил „многу почитуван во римската црква“. Алан Боро му го препишува делото на Александар Кук во неговата книга, Митот за папесата Јована. Понатаму, предговорот кажува дека книгата првпат била испечатена во 1602 г. Дури во 19 век, автори како Евалдус Кист и Карл Хејс ја дискутирале приказната како вистински настан. Сепак, други протестантски писатели, како Дејвид Блондел и Готфрид Лејбниз, не ја прифатиле приказната.

Анализа и критика[уреди | уреди извор]

Повеќето денешни научници не ја прифаќаат папесата Јована како средновековна легенда. Оксфордскиот речник на папи потврдува дека оваа легенда била широко прифатена со векови, дури и меѓу католичките кругови, но разјаснува дека „не постојат современи докази за жена-папа за ниту еден од датумите предвидени за нејзиното владеење,“ и понатаму кажува дека „познатите факти од тој период оневозможуваат да се вклопи (жена-папа) во нив“.

Во 1587 г., Флоримонд де Ремонд, судија во парламентот во Бордо и антиквер, го објавил својот прв обид повторно да ја создаде легендата, Erreur Populaire de la Papesse Jeanne (исто така последнователно објавена под името L'Anti-Papesse). Трактот применил на легендата за папесата Јована човечки техники на текстуална критика, со намера да најде поверодостојни историски принципи на еклесиастичката историја, а легендата почнала да се разложува, делаљ по детаљ. Делото Erreur Populaire од Ремонд поминало низ петнаесет публикации, последната во 1691 г.

Во 1601 г., папата Климент VIII ја прогласил легендата за папесата Јована неточна. Нејзиното славно симнување од власт, запишано како Johannes VIII Femina ex Anglia, коешто било испечатено за низата папски фигури во Дуомо ди Сиена околу 1400 г., и било забележано од туристите, било или уништено или преиспечатено и преименувано, заменето од маж, папата Закари.

Легендата за папесата Јована била „успешно уништена“ од страна на Дејвид Блондел, протестантски историчар од средината на 17 век што изјавил дека приказната за папесата Јована можеби потекнува како сатира против папата Јован XI, кој починал во почетокот на неговите 20 години. Блондел, преку детална анализа на тврдењата и укажаните временски периоди, кажува дека таков настан не би можел да се случи.

Италијанскиот историчар од 16 век, Онофрио Панвинио, коментирајќи едно од делата на Бартоломео Платина кое е слично со папесата Јована, претпоставувал дека приказната за папесата Јована може да потекнува од приказните за папата Јован XII; Јован како што изгледа имал многу љубовници, вклучувајќи една што се викала Јована и што била многу влијателна личност во Рим за време на неговото владеење.

Католичката енциклопедија го образложува историскиот проблем со временскиот период:

Помеѓу Лав IV и Бенедикт III, каде што Мартин Полониј ја става неа, таа не се совпаѓа, бидејќи Лав IV починал на 17 јули 855 г. и веднаш по неговата смрт Бенедикт III бил изгласан од свештенството и Римјаните; но, заради ставањето антипапа, пред очите на симнатиот кардинал Анастасиј, тој не бил избран сè до 29 септември. Постојат монети со ликот на Бенедикт III и монети со императорот Лотар, што починал на 28 септември, 855 г.; па така Бенедикт мора да бил признат за папа пред овој датум. На 7 октомври 855 год, Бенедикт III издал повелба за опатијата Корвеј. Хинкмар, Римски архиепископ, го информирал Николај I дека гласникот што го испратиле да оди кај Лав IV по патот дознал за смртта на овој папа, па така ја предал петицијата на Бенедикт III, кој одлучил за неа. Сите овие сведоштва ја докажуваат точноста на датумите дадени за животот на Лав IV и Бенедикт III и немало никакви неисправности меѓу овие две папи, па така тука не постои место за наводната жена-папа.

Исто така, важно е тоа што непријателите на папството во 9 век не спомнале никаква жена-папа. На пример, Фотиј I Цариградски, кој станал патријарх во 858 г. и бил симнат од страна на папата Николај I во 863 г., бил непријател на папата. Тој жестоко го бранел својот авторитет како патријарх над оној на римскиот папа и би го направил најголемиот скандал во тоа време во поглед на папството; но, тој не ја спомнува приказната ниту еднаш во никое од неговите обемни дела. Всушност, во еден наврат тој спомнува „Лав и Бенедикт, последователни големи свештеници во римската црква“.

Розмари и Дарол Пардо, автори на Жената папа: Мистеријата на папесата Јована, кажуваат дека ако постоела жена-папа, поверојатен временски период би бил 1086 г. и 1108 г., кога имало неколку антипапи; во ова време владеењето на легитимните папи Виктор III, Урбан II и Паскал II не било секогаш со седиште во Рим, бидејќи градот бил заземен од страна на Хенри IV, светиот римски цар, а подоцна пљачкосан од страна на Норманите. Ова исто така, се совпаѓа со најстарата позната верзија за легендата, од Жан де Мејли, каде што тој ја става приказната во 1099 г. Приказната на де Мејли била потврдена од неговиот партнер Стивен Бурбон.

Наспроти тежината на историските докази, од друга страна останува прашањето зошто приказната за папесата Јована била популарна и широко позната. Филип Џенкинс во Новиот анти-католицизам: Последната прифатлива предрасуда кажува дека периодичното обновување на, како што тој вели, „анти-папската легенда“ има повеќе заеднички работи со феминистичката и анти-католичка пуста мечта отколку со историската точност.

Sede stercoraria, престолот со дупка на седиштето, што сега се наоѓа во црквата Св.Јован Латерански (официјална резиденција на папите и центар на католицизмот) треба да биде испитан. Овој и други столови што изгледале како оние за вршење нужда биле користени во осветувањето напапата Паскал II во 1099 г., (Буро 1988 г.). всушност, еден уште стои во Ватиканскиот музеј, а друг во музејот Лувр. Причината за ваквиот дизајн на столот е дискутабилна. Некои тврделе дека потекнува од римското биде или кралски стол за породување, што поради неговата старост и кралски врски се употребувало во церемонии од страна на папите со намера да ги истакнат своите владетелски барања (како што направиле со нивниот латински назив, Pontifex Maximus).

Алан Буро го цитира хуманистот Џакопо д’Анџело де Скарпарија, што го посетил Рим во 1406 г. за крунисувањето на Грегориј XII. Папата накратко седел на два „продупчени стола“ во Латеранската црква: „... вулгарниот ја кажува лудата приказна дека е наежен што проверува дали тој навистина е маж“ знак дека ова од легендата за папесата Јована било сè уште присутно и во римската улица.

Средновековните папи, почнувајќи од 13 век па наваму, навистина го избегнувале директниот пат помеѓу Латеранската црква и црквата Св. Петар , како што рекол Мартин од Опава. Сепак, нема докази дека ова датира од порано. Потеклото на оваа практика не е точно одредено, но, има големи шанси дека била задржана поради големото верување во легендата за папесата Јована и се мислело дека датира од тој период.

Иако неколку средновековни писатели ја нарекувале жената-папа „Јован VIII,“ вистинскиот папа Јован VIII владеел меѓу 872 и 882 г. Поради недостатокот на записи од темното доба, често има проблеми при одредувањето на настаните.

Проблем поврзан со легендата за папесата Јована е фактот што нема никаков папа Јован XX на ниту една листа. Се зборувало дека имало повторно внесување на папите за да ја исфрлат Јована од историјата. Историчарите знаат од критичкото издание на Liber Pontificalis од Луј Дачн дека „повторното внесување“ всушност било поради неразбирање на текстуалното пренесување на официјалната папска листа. Во текот на 11 век, во времето по Јован XIX, доаѓањето на Јован XIV било погрешно прочитано бидејќи имало две различни папи со ова име. Овие две папи подоцна биле разликувани како Јохан XIV и Јохан XIV бис („Јован XIV вториот“).

Постоењето на втор папа Јован XIV било широко прифатено во 13 век, па така внесувањето на папата Јован XV преку XIX се мислело дека е погрешно. Кога Петар Хиспан бил избран за папа во 1276 г. и го избрал името Јован, тој одлучил да ја исправи оваа грешка со избегнување на бројот XX. Тој се нарекол Јован XXI, на тој начин потврдувајќи го претпоставеното постоење на Јован XIV „бис“ во 10 век.

Во научната-фантастика[уреди | уреди извор]

папесата Јована останала популарна тема за науно-фантастичните дела. Ја има во драмите, вклучувајќи ја Päpstin Johanna (1813 г.) од Лудвиг Ахим фон Арним, во еден дел од Бертолт Брехт, и во монодрамата, папесата Јована од Зис ван дер Плуим (1996 г.).

Новелата папесата Јована од грчкиот автор Емануел Ројдис ги фасцинирала Марк Твен и Алфред Жари и била преведена од страна на Лоренс Дурел под името Интересната историја на папесата Јована (1954 г.). Историската романса папесата Јована (1996 г.) од Американката Дона Вулфолк Крос, неодамна била вклучена во германска музичка драма како и во филмот опишан подолу. Други новели во кои се појавува се: Das Mährchen von der Päpstin Johanna auf’s Neue erörtert (1829 г.) од Вилхелм Сметс, Црна магија (1909 г.) од Марџори Боувен, папесата Јована (1912 г.) од Лудвиг Горм и папесата Јована (2005 г.) од Ив Бише.

Постојат два филма. Филмот папесата Јована (1972 г.), режиран од Мајкл Андерсон, во САД бил наречен Ѓаволскиот натрапник. Во 2009 г. филмот бил повторно снимен за да се вклучат повеќе работи од оригиналното сценарио на Џон Брили и бил објавен како Таа...што ќе биде папа. Новелата на Крос била инспирација за одложениот проект на Фолкер Шлондорф, на крајот режиран од Шонке Вортман како Die Päpstin (папесата Јована).

папесата Јована е личност од почетната сцена на феминистичката драма Девојките на врвот (1982 г.) од Карил Черчил.

Наводи[уреди | уреди извор]