Ослободување на Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ослободување на Прилеп
Дел од завршните операции за ослободување на Македонија

Свечен пречек на раководители на НОВ и ПОМ по повод ослободувањето на Прилеп.
Датум 29 октомври-3 ноември 1944
(5 денови)
Место Прилеп
Исход Ослободување на градот Прилеп
Завојувани страни
НОВМ

Југословенски партизани

 Трет Рајх

Царство Бугарија[1]

Жртви и загуби
78 загинати
108 ранети
160 загинати
100 ранети

Ослободувањето на Прилеп — воена битка за ослободувањето на градот Прилеп воведувана од страна на Народнатаослободителна армија на Македонија со соработка на Југословенските партизани против Третиот рајх и Бугарската фашистичка окупација. Еден од најистакните битки при Завршните операции за ослободување на Македонија.

Распоред на силите[уреди | уреди извор]

Главниот воен план за ослободувањето на градот беше организиран од страна на командите на 41та Македонска дивизија на НОВЈ, според планот 41та Македонска дивизија на НОВЈ заедно со нејзината артелерија ќе го завземеле градот, истовремено 10та македонска ударна бригаа која што била наместена во северниот дел на Прилеп би го нападнал градот. Заедно со 2та македонска ударна бригада којашто била наместен покрај западот.

Борбата[уреди | уреди извор]

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба на 28/29 октомври 41-та и 49 -та девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41-та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на 21 бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон почнал напад. Но, Германските сили ги збиле редовите и го одбиле првиот и вториот јуриш. По 40 часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бригадата се држела добро и давала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле помогнати од артилериско оружје, а партизанските трупи, иако биле со малку муниција, го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун. Потоа сите сили ги упатиле кон Плетвар, каде успеале да направат продор меѓу позициите на 21-та бригада. Но, обидите биле спречени од страна на Штабот, кој издал наредба 5-тата бригада да нападне од кај касарните и да го пресече патот за Плетвар.

Извештај од Штабот на II корпус до Гл. Штаб на НОВ и ПОМ за освојувањето на градот Прилеп и друго. (30 октомври 1944 г.)

Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 - ти ноември.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ден на ослободувањето на Прилеп (2022) од Антропол