Операција Оверлорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Растовар на тенкови и залихи на Денот Д

Денот Д или Операција „Оверлорд“ — нарекува воената инвазија на сојузниците од Англија врз Нормандија, преку каналот Ламанш, која започнала на 6 јуни 1944.

Ова била една од завршните операции од Втората светска војна, со која започнала офанзивата на сојузниците врз силите на Нацистичка Германија од запад, и нивно постепено повлекување кон исток, кон Германија, од претходно окупираните територии на Франција, Бенелукс и Данска. Главницата од сојузничките сили ја сочинувале американски, британски, канадски и француски единици. Целовкупната флота ја чинеле бродови од 8 различни земји, вкупно 6.939 бродови (1.213 воени бродови, 4.126 транспортни бродови и 1.600 бродови за поддршка, вклучувајќи ги и трговските бродови).

Историја[уреди]

Истоварот на сојузничката војска започнало во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад. Прва на брегот била американската армија на кои што им претстоело да направат мостобран во западната зона на Нормадиското подрачје. Еден час подоцна започнал нападот на британските војници на источната зона. Четвртата американска дивизија на генерал Теодор Рузвелт вршела истовар во секторот Јута. Неколку бродови на кои што се превезувале единиците налетале на мини. Потонал еден од десантните бродови со 4 водоземни тенкови. Изгубен е и еден разурнувач, а во настанатиот метеж првиот бран на трупите биле истоварени 1,5 km јужно од планираното.

Дваесет и пет километри источно од Јута се наоѓал секторот Омаха на којшто се истоварил 5. корпус на Првата американска армија. Овде одбраната ја држела 352. пешадиска елитна дивизија која стигнала неколку недели пред самиот напад. Во текот на десантот таа извршувала одбрана на напад од море, па истата се наоѓала во полна борбена готовност. Тоа во голема мерка овозможило вешто да се амортизираат нападите на сојузничката флота и нападите од воздух. Во општиот хаос набрзина биле спуштени 64 водоземни тенкови, но само половина од нив успеале да дојдат до брегот. Високите бранови потопиле 27 тенка, а пет-шест биле уништени од противничката артилерија. Исто така потонале 28 од вкупно 30 хаубици кои што биле превезувани во десантни чамци. Американскиот корпус претрпел големи загуби а многу војници и оклопни возила биле истоварени на погрешни места со што била изгубена врската со главницата.

Американците и покрај значителните загуби успелае да се прошират правејќи го мостобранот во секторот Омаха. Во тоа значителна помош им пружела артилеријата од воените бродови и доминацијата на небо од нивната авијација. До касно во ноќта на 6 јуни, сојузниците воспоставиле три мостобрана на Нормандискиот брег во должина од 2 до 9 км. Се истовариле 8 дивизии (3 воздушно-десантни и 5 пешадиски) и една оклопна бригада со вкупно 156.000 луѓе.



Втора светска војна - навигација низ историјата:
Боишта (1939—1942) (1943—1945) Посебни статии Учесници Види уште

Увод:

Главни фронтови:

1939:
• Инвазија на Полска
• Зимска војна
1940:
• Норвешки поход
• Битка за Франција
• Битката кај Динкерк
• Битката за Британија
1941:
• Априлската војна
• Операцијата Барбароса
• Нападот на Перл Харбор
• Московската битка
• Опсадата на Ленинград
1942:
• Сталинградската битка
• Операцијата Факел
• Битката кај Мидвеј
• Првата битка кај Ел Аламејн
• Втората битка кај Ел Аламејн

1943:
• Курската битка
• Италијанскиот поход
• Гвадалканалската кампања
1944:
• Битката за Нормандија
• Операцијата Багратион
• Арденската битка
• Битката во заливот на Лејта
1945:
• Битката за Иво Џима
• Битката за Окинава
• Берлинската битка
• Победата во Европа
• Хирошима и Нагасаки
• Капитулација на Јапонија

Цивилни жртви и злосторства:

Последици:

Судења:

Учесници

Сојузници
• Flag of the Soviet Union.svg Советски Сојуз
• US flag 48 stars.svg САД
• Flag of the United Kingdom.svg Велика Британија
• Flag of the Republic of China.svg Кина
• Flag of France.svg Франција
• Flag of Poland.svg Полска
• Flag of SFR Yugoslavia.svg Југославија


Силите на Оската
• Flag of German Reich (1935–1945).svg Германија
• Naval Ensign of Japan.svg Јапонија
• Flag of Italy (1861-1946).svg Италија



Повеќе податоци за
Втора светска војна:

Wiktionary-logo-sr.png Втора светска војна
на Вириречник
Wikibooks-logo.svg Втора светска војна
на Викикниги
Wikiquote-logo.svg Втора светска војна
на Викицитати
Wikisource-logo.png Втора светска војна
на Викиизвори
Commons-logo.svg Втора светска војна
во Ризницата
Wikinews-logo.png Втора светска војна
на Викивести