Ограѓе (Кривци)

Координати: 41°32′38″N 20°31′38″E / 41.54389° СГШ; 20.52722° ИГД / 41.54389; 20.52722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ограѓе

Карта

Местоположба 41°32′38″N 20°31′38″E / 41.54389° СГШ; 20.52722° ИГД / 41.54389; 20.52722
Основни податоци
Место Кривци
Општина Дебар
Тип

 некропола  црква


Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Ограѓеархеолошко наоѓалиште во дебарското село Кривци. Претставува некропола од римско време и црква од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од двете страни на патот за селото Баниште, во приватна нива, каде е откриен гроб граден од монолитни плочи од бигор во вид на саркофаг. Според кажувањето на сопственикот, во гробот имало повеќе прилози: стакло, керамички садови и предмети од бронза, кои не ги извадил. Во непосредната близина на раскрсницата каде што од асфалтниот пат за селото Баниште се издвојува патот за селото Кривци, се забележуваат остатоци од еднокорабна црква ѕидана од камен и тули.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Опре — средновековна црква;
  • Алакати — средновековна некропола;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069