Обичен шакал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обичен шакал
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Фамилија: Кучиња
Род: Волци
Вид: Обичен шакал
Биномен назив
Canis aureus
Линеус, 1758

Обичен шакал (Canis aureus), наречен и златен шакал — мал шакал кој живее на територијата на Република Македонија, а е со потекло од северна и централна Африка и јужна Азија. Живее од 7 до 9 години во дивина, но може да живее до 16 во заробеништво.

Изглед[уреди]

Обичниот шакал има златесто-жолто крзно со бел белег на вратот, но бојата може да се разликува со годините, регионот и годишното време како во зима кога тоа темнее. Должина на телото: 70-85 см, висина: 40 см. Тежи од 8 до 10 кг. Мажјаците се поголеми од женките.

Животна средина[уреди]

Обичниот шакал живее на Балканот, до Тајланд и Шри Ланка, Мароко до Египет и северна Танзанија. Претпочитаат суви отворени предели со треви и дрва.

Исхрана[уреди]

Шакалот лови во парови бидејќи тој лов кај нив е три пати поуспешен од индивидуалниот. Исхраната им варира - птици, глодари, риба, млади газели, овошје. Често го следи лавот и други големи мачки за да ги јаде остатоците.

Однесување[уреди]

Обичниот шакал живе во мали семејни единици кои се состојат од мајка, татко и извесен број на млади кои имаат за задача да бидат „помагачи“. „Помагачите“ живеат со родителите една година по достигнувањето на сексуална зрелост за да помагаат со грижата за новите млади. Се парат доживотно. Тие заедно ловат, бранат територија, делат храна и раѓаат млади.

Размножување[уреди]

Мајката е бремена 9 недели, по што раѓа шест до девет млади. При раѓање тежат 200-250 г. За време на бременоста, мажјакот лови и носи храна за женката.

Наводи[уреди]