Нова економска политика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Soviet Union.svg

Дел од серијалот
„Историја на СССР“

(1917–1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927–1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953–1964)
(1964–1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982–1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Flag of the Soviet Union.svg

Портал:СССР


Новата економска политика (руски: Новая экономическая политика, НЭП) претставувал економска политика која била воведена во Русија и Советскиот сојуз во 1921 година од страна на Владимир Ленин[1]. Целта на оваа политика била либерализација на економијата во земјата. Во текот на оваа нова политика било дозволено создавање на приватни фирми, додека државата продолила да ги контролира банките, надворешната трговија и големите индустрии.[2]. Оваа решение било прифатено на Десетиот конгрес на Комунистичката партија на Русија. во практикам декретот барал од земјоделците да дадат на владата одреден износ на суровини и земјоделски производи како данок во натура.[3]. Оваа политика била заменета во 1928 година од страна на Петгодишниот план на Сталин.

Позадина[уреди]

На 7 ноември 1917 година болшевиците ја презеле контролата на Петроград и ја собориле Привремената влада во Зимскиот дворец. На својот конгрес ја прогласиле својата државна власт по кое следувала крвавата граѓанска војна на Белата армија од една и Црвената армија од друга страна. По победата на болшевиците во војната, земјата се нашла во економски колапс, а болшевичката подршка исто така се намалувала главно порадви практикувањето на т.н. воен комунизам. Поради ова, Ленин преминал кон создавање на нов план кој би го променил економскиот живот во земјата.

Во времето на граѓанската војни биле уништени буквално цели градови. Биле уништени комуникациските линии, транспортните линии особено железниците. Болестите исто така се развиле, особено тифусот. Пратките на храна и гориво преку железничката пруга се намалиле. Жителите на земјата во почетокот се соочиле со недостиг од масло за греење, а потоа и од јаглен. И покрај тоа што војските своите битки главно ги воделе надвор од урбаните средини, бројот на населението особено на градското се намалило[4]. Населението во северните градови, со исклучок на главните се намалило во просек по 24%[5]Од население од околу 2.400.000 жители, Петроград по војната во 1920 година имал население од 740.000 жители[5]. По крајот на граѓанската војна, околу 80% од населението на земјата било селско население[6]. Фабриките за производство доживеале голем недостиг од налози.

Следело големо разоќарување на работниците кои организирале демонстрации против политиката на партијата која претходно изгласала т.н. привилигирани оброци за Црвената армија, членовите на партијата и учениците. Во март 1921 година избувнал Кронштатскиот бунт.

Политика и резултати[уреди]

Прв кој ја предложил оваа политика бил Лав Троцки во 1920 година, но истата не била прифатена. Следната година била прифатена од страна на Ленин.

Во времето кога започнала да се спроведува политиката, самата власт се оддалечила од своите комунистички идеали и започнала со модернизирање на економијата, но овој пат со послободен начин на вршење на работите. Советскиот сојуз престанал да ја подржува идејата за национализација на одредени делови во индустријата. Во исто време се очекувале и неколку странски инвестиции, со цел земјата финансиски да напредне и преку развојни проекти да дојде до резмена или запознавање со странските технологии[7].

Ленин ја дизајнирал новата економска политика главно поради пропаганда на своите идеали и економско закрепнување. Ленин ги отворил пазарите во поголема мера создавајќи слободна трговија и зголемување на производството. По сушната 1921-1922 година, производството се зголемило за 40%[8]. Синдикатите станале независни граѓански организации.

Земјоделското производство се зголемило. Наместо владата да ги зема земјоделските вишоци без надоместок, земјоделците сега имале можност да го продаваат својот вишок, и затоа имало поголем поттик за производство на повеќе жито. Тешката индустрија и финансиските институции останале под државна контрола. Ова довело до раст на земјоделската наспроти тешката индустрија. За да ги задржат своите приходи, фабриките започнале да ги продаваат своите производи по повисоки цени главно поради зголемувањето на трошоците од преработувачката индустрија.

Крај[уреди]

Вп 1925 година, по смртта на Ленин, Сталин ја изоставил оваа економска политика и го наложил Петгодишниот план.

Наводи[уреди]

  1. Siegelbaum, Soviet State and Society, 85.
  2. Ellis, Elisabeth Gaynor; Anthony Esler (2007). „Revolution and Civil War in Russia“. „World History; The Modern Era“. Boston: Pearson Prentice Hall. стр. 483. ISBN 0-13-129973-5. 
  3. Service, Robert (1997). „A History of Twentieth-Century Russia“. Cambridge, MA: Harvard University Press. стр. 124–5. ISBN 0-07-440348-7. 
  4. Koenker, Diane P., William G. Rosenberg, and Ronald Grigor Suny, ed. Party, State, and Society in the Russian Civil War (Bloomington: Indiana University Press, 1989), 58-80.
  5. 5,0 5,1 Koenker, Diane P., William Rosenberg, and Ronald Suny, ed. Civil War, 61.
  6. Siegelbaum, Lewis H. Soviet State and Society: Between Revolutions, 1918-1929.(Cambridge: Cambridge University Press, 1992), 68
  7. Fitzpatrick, The Russian Revolution, pg. 96.
  8. Siegelbaum, Soviet State and Society, 90.