Нина Добрев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нина Добрев
Nina Dobrev
Nina Dobrev at PaleyFest2010.jpg
PaleyFest2010, Лос Анџелес, 6 март, 2010.
Роден(а) Нина Константинова Добрева
9 јануари 1989
Софија, Бугарија
Занимање актерка
Активност 2006 - сега

Нина Добрев (англиски: Nina Dobrev, бугарски: Нина Добрев) или позната според родното име Нина Константинова Добрева (англиски: Nina Konstantinova Dobreva, бугарски: Нина Константинова Добрева; 4 јануари 1989 во Софија, Бугарија) е бугарско-канадска филмска глумица. Таа е позната по улогата на Мија Џонс во филмскиот серијал Degrassi: The Next Generation. Во моментов, Нина Добрев е поврзана со улогата на Елена Гилберт во филмскиот серијал "Дневниците на вампирот".

Биографија[уреди]

Нина Добрев е родена во Софија, но на две години се преселила заедно со семејството во Торонто, Канада. Таа има поголем брат, студент по машинство. Од мала се занимавала со танци, гимнастика, театар, музика и глумство.

Кариера[уреди]

На почетокот од својата кариера работела како модел и била рекламно лице, а потоа започнала да учествува на аудиции за различни улоги во филмови и филмски серијали. До денес, таа има играно во филмовите "Fugitive Pieces", "Away from Her", "Never Cry Werewolf", како и во телевизиските серии "Degrassi: The Next Generation" и "The Vampire Diaries".

Филмографија[уреди]

  • 2006 - Repo! The Genetic Opera
  • 2006 - Playing House
  • 2006 - Away from Her
  • 2007 - How She Move
  • 2007 - The Poet
  • 2007 - Too Young to Marry
  • 2007 - Fugitive Pieces
  • 2007 - My Daughter's Secret
  • 2008 - Never Cry Werewolf
  • 2008 - The American Mall
  • 2008 - Mookie's Law
  • 2008 - The Border
  • 2009 - You Got That Light
  • 2009 - Eleventh Hour
  • 2006-2009 - Degrassi: The Next Generation
  • 2009 - Degrassi Goes Hollywood
  • 2009 - Chloe
  • 2009 - The Vampire Diaries
  • 2009 - Merry Madagascar
  • 2010 - The Vampire Diaries С2

Награди и номинации[уреди]

Година Награда Категорија Филм Резултат
2010 Teen Choice Awards Најмногу просперитетна актерка Дневниците на вампирот Победила
Teen Choice Awards глумица од сверата на фантазијата или научната фантастика Дневниците на вампирот Победила

Надворешни врски[уреди]